(ВИДЕО) СДСМ: Власта ги излажа родителите, им влече за униформите до 2.500 по ученик

Од:

„Само пред неколку дена Министерството за образование и наука, се пофали дека сите ученици во општина Аеродром ќе добијат бесплатни униформи. Општина Аеродром се пофали дека ќе ги покрие трошоците за нив.

Ова се две безобразни манипулации. За неполни 24 часа, родителите во општина Аеродром се уверија колку лесно и колку несовесно власта ги изманипулира“ изјави на денешната прес-конференција Љубица Јанчева, координаторка на Советничката група на СДСМ и коалициските партнери во Советот на општина Аеродром.

Еве ги информациите од Министерството за образование и општина Аеродром.

Dokument 2, MON, besplatni uniformi, 30.08.2014g.А еве ги и уплатниците што им се дадени на сите родители во општина Аеродром.

Uniformi, Dokument 1, 30.08.2014g. Uplatnica 1, uniformi, 30.08.2014g.

„Јасно е дека децата не можат да одат во една иста облека цела недела и дека родителите се приморани да набават резервен комплет. А тоа ќе ги чини до 2 500-тини денари!

Оваа предизвикува дополнителни и непланирани трошоци за родителите пред почетокот на училишната година и ново оптоварување на семејните буџети.

Оваа смислена тактика на власта, под превезот бесплатни униформи, од џебовите на родителите на околу 6 000 ученици во Аеродором ќе испумпа до неверојатни 240.000 евра!

Родителите со право реагираат. Реагираат дека се излажани, имаат дополнителни трошоци и дека дел од униформите згора на се, се изработени од синтетички материјал.

Друго прашање е дали панталоните и здолништата се адекватни за во зима или дали поло маиците со долги ракави се адекватни за носење во септември, мај, јуни.

Сликата во училиштата во Аеродром деновиве најмалку доликува за која било воспитно образовна установа.

Училните се претворени во пазар, а детските клупи во тезги.

Родителите се повикани да подигнат уплатници и ценовници, да платат за половичен или целосен резервен комплет, да го подигнат. Кутии, кеси, се пробуваат комплети, нервозни дискусии меѓу наставниците, родителите, учениците. Се тоа се случува во училните овие денови пред почетокот на учебната година.

Ова што се сучува со ученичките униформи во Аеродром е меѓу последните примери на веќе познатата стратегија на ВМРО-ДПМНЕ: ред манипулација, ред бизнис.

Родителите се изманипулирани, а парите се собрани.

Како по правило, парите се собираат во членка на омилениот бизнис партнер на Груевски.

Згора на тоа во известувањето за јавната набавка од страна на општината Аеродром, стои дека фирмата што ја добила зделката, била единствена што учествувала во набавката.

Бараме одговори и одговорност од Општина Аеродром и од Министерството за образование и наука.

Бараме парите да им се вратат на родителите, целите трошоци да ги покрие општината Аеродром и униформите навистина да бидат бесплатни“, рече Јанчева.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Кузеска: Народот ќе го победи Мицкоски, ќе победи европска Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Доказ за безидејноста и конфузијата која владее во СДС е денешната прес-конференција на Венко Филипче

Мицкоски: Ако некој смета дека треба да бидемe дел од ЕУ, подготвени сме за се што е конструктивно, но не и деструктивно

Предраг Петровиќ

Филипче: Нема нова технологија дома, а Мицкоски ќе правел технологија за гласање од надвор

Предраг Петровиќ

СДСМ: Државата ги продава становите на Груевски за неколку милиони евра, додека тој си ги ужива милијардите во Будимпешта

Предраг Петровиќ