(ВИДЕО) СДСМ: Видете го дволичното лице на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Погледнете што прави власта на Никола Груевски. Само овој месец, непосредно пред да отпочне примената на новите закони за администрацијата, со заострени критериуми, распишани се огласи за прием на над 500 лица во државните институции, рече Љупчо Николовски, член на Извршен одбор.

Се примаат:

-30 државни службеници, главно референти со средно и вишо образование во Министерството за труд и социјална политика,

Oglas 8

-17 државни службеници, главно помлади соработници во Министерството за финансии,

Oglas 17

-13 државни службеници во Министерството за образование и наука,

Oglas 30

-6 државни службеници, главно со средно образование во Министерството за информатичко општество,

Oglas 194

-5 државни службеници, главно со средно или вишо образование во Министерството за правда – Управа за водење матични книги, плус 4-ца во Бирото за судски вештачења (меѓу нив референти за упатување странки, без потребно работно искуство)

-3 државни службеници во Министерството за транспорт и врски, исто така со средно или вишо образование.

Речиси и да нема државна институција во којашто нема вработувања: во канцеларијата на премиерот, во Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството, во Дирекцијата за заштита на лични податоци, во Јавното обвинителство.

А како што објавивме, само во Владата, преку Генералниот секретаријат се отворени дури 194 позиции.

Дали ова брзање за полнење на државната администрација по старите критериуми значи дека новите кадри не се способни да ги минат заострените критериуми што ќе се бараат од февруари?

Кога ги донесоа законите за административни службеници и за вработување во јавниот сектор, чиишто измени се денеска на собраниска седница, власта убедуваше дека со заострените критериуми: полагање англиски јазик, компјутерски вештини, психолошки тест, Република Македонија ќе добила квалитетна, стручна и ефикасна администрација.

Но ова што се случува последниов месец, со вртоглавите вработувања по секоја цена, пред февруари, го покажува вистинското дволично лице на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски ја стави целата држава на црната листа

СДСМ: Владата на Мицкоски води отворена анти-ЕУ кампања

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата