(ВИДЕО) СДСМ: Сиромаштијата го намалува бројот на учениците – власта крие!

Од:

„Бројот на ученици во образованието се намалува! Власта го крие овој факт. Ова ја прави ситуацијата алармантна.

Многу училишта и училници низ македонските села и градови останаа празни со почетокот на учебната година.

Oд 2007-ма до 2013-та година, седум години од владеењето на Никола Груевски, бројот на ученици е намалена за 27 илјади! Ова е официјална бројка од Државниот завод за стастистика“, рече на денешната прес-конференција  Љубиша Николиќ, СДСМ.

„Еве ја причината, зошто во Штип се преполовени паралелките, во Охрид е намален бројот на првачиња за 25 проценти, а во Струга за цели 50 отсто. Тоа е причината за намалувањето на учениците во Велес, Кичево, Другово….

Информациите од теренот говорат дека наместо да превземе сериозни мерки власта го прикрива проблемот со прераспределба на помалку ученици во ист број паралелки.

„Јасно е зошто во голем број од градовите и селата го нема веселиот детски џагор и возбудата за почетокот на првиот училишен час. Останаа само предметите и повозрасните жители, кои сведочат за некои подобри времиња во нивните места.

Фрапантни се бројките и во средното образование, каде што бројот на средношколци, за истиот период е намален за 5 илјади!

Drzaven zavod za statistika

Погрешните политики на власта, кои доведоа до сиромаштија и безперспективност го земаат најсуровиот данок. Младите се поретко се решаваат да основаат семејство а се повеќе да ја напуштат државата. Дури и цели семејства заминуваат од своето родно место.

Социјалдемократскиот сојуз повикува сериозно да се сфати состојбата. Веднаш треба да се направи стручна анализа за причините и власта да се фокусира на приоритетите за граѓаните.

Во спротивно, македонскиот аеродром ќе биде главното свратилише, но не на туристите, туку на младите, кои набавиле билет за во еден правец“, рече Николиќ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ДЕА доставила податоци до македонското и српското обвинителство за скандалот со пет тони дрога

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Со денови нема одговор како 5 тони дрога поминаа преку македонската граница, нема приведени, нема осомничени

Горан Наумовски

СДСМ: Реформи во ВМРО, наместо нови лица – стара банда

(ВИДЕО) СДСМ: Криминалецот Симе пука и го цитира Шешељ

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие на Филипче и СДС, во Собрание гласаа против „Безбеден град“, а сега велат да се казнат тие што сакаат да возат нерегистрирани возила и без возачка

СДСМ: Мицкоски не сака да ги покачи платите на работниците, нема веќе изговори, сè е јасно како ден

Горан Наумовски