(ВИДЕО) СДСМ Штип: Захариев потврди – власта се сликала со бунарска, не пречистена вода!

Од:

„Градоначалникот на Штип, го потврди скандалот – при пуштањето во употреба на реконструираната филтер станица не протекла пречистена вода од хидросистемот Злетовица.

Захариев се сокри од јавноста. Од неговиот кабинет вчера се оправдуваа дека филтер станицата има капацитет да преработува и површинска и постоечка бунарска вода.

Но каде беа функционерите на ВМРО-ДПМНЕ тоа да го објаснат пред граѓаните кога театрално се сликаа завчера до водите? Дека таа вода е бунарска“, рече на денешната прес конференција Владимир Милошев, претседател на ОО СДСМ Штип.

„Мега проектот Злетовица со години го чекаат жителите на цел источен регион, пред се затоа што им е потребна незагадена, чиста вода за пиење!

Зошто власта манипулираше со граѓаните завчера?

И бидејќи од кај Захариев признаа дека Штип сеуште се снабдува oд бунарска вода, прашуваме кога од Злетовица ќе протече пречистена вода?

Ако системот Злетовица не е подготвен за тоа, зошто се брзаше со негово пуштање?

Дали затоа што за изградбата на ХС Злетовица се потрошени пари, освен од донацијата, и 100 милиони долари кредит од Јапонската инвестициска банка, што денес го враќа Владата од народни пари?

Дали ако граѓаните на целиот овој регион не трошат вода од 500 литри во секунда, во наредните 500 години, не ќе има од што да се враќа кредитот?

Ги повикуваме надлежните институции да го испитаат случајот Злетовица затоа што се работи за вода што ја пијат граѓаните и во прашање е нивното здравје“, изјави Владимир Милошев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски ја стави целата држава на црната листа

СДСМ: Владата на Мицкоски води отворена анти-ЕУ кампања

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата