(ВИДЕО) СДСМ Штип: Власта ја пушти Злетовица со бунарска вода, а не од системот

Од:

„Во режија на Владата на Република Македонија и локалните власти на Општина Штип вчера беше изведена голема театарска претстава.

Со помпезно исечените ленти е најавено дека е пуштен во употреба регионалниот проект, употреба на пречистителната станица за преработка на вода од хидросистемот Злетовица.

Но вода од ходросистемот Злетовица не протече!

Водата што протече беше од постоечкиот бунарски систем“, рече Владимир Милошев.

„Затоа денеска бараме, градоначалникот Илчо Захариев да излезе пред нас граѓаните и да објасни зошто на пуштањето на објектот, низ Злетовица протече вода од бунарскиот систем, а не од хидросистемот Злетовица?

Дали целта е да се покријат потрошените средства од словенечката донација?

Хидросистемот Злетовица беше најавен како најзначаен владин проект за источниот плански регион. Владата  досега за првата фаза потроши околу 100 милиони долари, а објектот е со искористеност од само 7%. Ова посочува на голема финансиска нерентабилност. До денес од овој систем се снабдуваат со вода само општините Св.Николе и Пробиштип. Овие општини секојдневно се соочуваат со проблеми околу преработката и квалитетот на водата.

Ги повикуваме и надлежните институции да го испитаат случајот.

Што се случува, дали се манипулира со водата, како извор на здравјето на граѓаните,  бараме одговори и од Владата на Груевски“, изјави на денешната прес-конференција претседателот на општинската организација на СДСМ во Штип, Владимир Милошев.

Би можело да ве интересира

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски