(ВИДЕО) СДСМ Штип: Неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ ги чини граѓаните пари, но ја загрозува и нивната безбедност

Од:

„Локалната власт од ВМРО-ДПМНЕ, на чело со градоначалникот, Илчо Захариев, е неспособна да изврши ниту санација на улиците како што треба, иако троши пари на граѓаните.

По минатонеделните врнежи, дел од асфалтот на улицата „Сремски фронт“ е целосно уништен.

Оваа улица беше реконструирана и пуштена во употреба пред точно една година и за истата беа потрошени 4,4 милиони денари, пари на граѓаните“, рече Јане Миланов, советник од СДСМ и коалициските партнери
Штип.

„По бројните реакции на граѓани и во обид да го прекријат несовесното работење, локалните власти на чело со Захариев испратија екипи со цел да го обноват асфалтот, трошејќи за тоа повторно народни пари.

За повторната реконструкција се потрошени нови 320.000 денари пари на граѓаните.

Ист е случајот и со улицата „Вардарска“, којашто, исто така, беше оштетена од наносите на атмосферските води само една недела по пуштањето во употреба, во јуни годинава.

Неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ ги чини граѓаните пари, но ја загрозува и нивната безбедност. Очигледно ВМРО-ДПМНЕ се грижи единствено за бизнис тендерите и личните интереси.

Затоа на Штип му се потребни промени.

Новата и одговорна власт предводена од СДСМ ќе се грижи за граѓаните и нивните потреби во секојдневниот живот. Парите на граѓаните ќе се трошат рационално и за решавање на нивните суштински проблеми“, изјави Миланов.

Би можело да ве интересира

СДСМ: САД најавуваат закон за санкции за Вучиќ во Србија, дали Мицкоски мирно спие?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Измените на Законот за странци нов доказ за вистината

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Уставниот суд да ја поништи неуставната Резолуцијата, да го заштити Уставот и слободата на говор

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Реформи и консолидација во СДС може да има само со превземање одговорност и оставка на Филипче

СДСМ: Заедно со граѓаните и со опозициските политички партии отвораме фронт за правда