(ВИДЕО) СДСМ: Ристески ќе добие плакета за нов Гинисов рекорд

Од:

„Викендов прилепчани ја решија дилемата како е можно градоначалникот Марјан Ристески да потрошил 1 милион и 700 илјади денари за фотокопирање. Тоа се 28,000 евра, што според пазарните цени значи дека секој ден копирал по 22, 135 листови.

Граѓаните гласаа за четири опции, дали ова е:

1) нов Гинисов рекорд – дневно копирање на 22, 135 страни за 28, 000 евра?

2) За рубриката „Верувале или не“?

3) Дали ова е за категоријата „Лаги со опашки“?

4) Или пак за категоријата „криминал и корупција“?

Најголем дел од прилепчани сметаат дека ова е нов Гинисов рекорд во Прилеп, иако голем дел
гласаа и за категоријата „криминал и корупција“, изјави Валентин Божиноски, претседател на ЛК СДММ-Прилеп.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел