(ВИДЕО) СДСМ Прилеп: Штабот за кризи при Општина Прилеп, без професионалци!

Од:

„Денес советничката група на СДСМ заедно со советниците од коалиционите партнери ја напуштивме работата на Советот на О. Прилеп од принципиелни причини, затоа што кога требаше да се разгледуваат точките од осмата до дванаесетта точка, каде што требаше да се дискутира и расправа за избор на Општински штаб на Локалната Самоуправа во Прилеп, немавме можност, да бидиме вклучени ниту директно, ниту индиректно во организацијата, т.е во оформувањето на сите членови на Штабот на Локалната Самоуправа.

Да потсетам, вчера на комисијата за избор и именување, добивме допис од претседавачот на Советот, г-дин Никола Димески за именување на Општинскиот Штаб за заштита и спасување при Локалната самоуправа на Општина Прилеп, комплет список за сите комисии само со членови од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, немаше ниту еден член од опозицијата, немаше ниту еден граѓанин, професионалец во својата работа, ќе спомнам покасно за кој комисии станува збор. Едноставно, немавме можност ниту да предложиме наш или друг член во овие комисии“, изјавија членовите на опозицијата по денешното напуштање на седницата на Совет на општина Прилеп.

„Од тие причини не сакаме да учествуваме во вакво расправање, каде што немаме ни можност да предложиме ниту еден член, затоа што тоа е недозволиво, недозволиво е од Претседавачот на Совет, сам по своја желба, како да има ексклузивно право, како да е Локалната самоуправа под негова лична надлежност, да дава членови на сите овие комисии без координација со опозицијата.

Ќе спомнам во конкретниов општински штаб, кој е за заштита и спасување при Локалната Самоуправа на Општина Прилеп, има: универзална единица за заштита и спасување, специјална единица за заштина и прва медицинска помош, специјална единица за заштита и спасување животни и производи од животинско потекло, специјална единица за заштита и спасување растенија и производи од растително потекло. Мислам дека негова должност беше да има координација со опозицијата, барем да имавме можност да предложевме наши членови или членови од граѓаните, кои што се професионалци во својата работа, па потоа можеа на Совет да бидат гласани да се изберат членовите. Ама, вака да постави само членови од ВМРО-ДПМНЕ, како да е ова партиски Општински штаб на ВМРО-ДПМНЕ,  е недозволиво за еден Претседавач на Совет“, велат од опозицијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ наредната недела ќе почне со подготовки за отчетниот Конгрес, а потоа и за внатрепартиските избори

Оставки по поразот – И Лукаревска заминува од потпретседателското место во СДСМ

Анита Петровска Рајковиќ

Деспотовски: Пропуштивме огромна шанса да го направиме првиот чекор кој почнува со одговорност од врвот

Орце Костов

Ковачевски го призна поразот: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Анита Петровска Рајковиќ

ВМРО-ДПМНЕ 227.944 гласови, СДСМ 77.658 гласови од 63% обработени избирачки места

Орце Костов

ВМРО-ДПМНЕ со голема предност пред СДСМ, покажуваат бројките на партијата