(ВИДЕО) СДСМ Прилеп: Каде е ветеното основно училиште во населба Сточен пазар?

Од:

„Медиумите на Никола Груевски продолжуваат да шират лаги и да ја кријат вистинста од граѓаните. Затоа се потребни реформи на медиумите, за вистината да допре до граѓаните.

Вистината целосна ги разобличува лажните ветувања на градоначалникот од ВМРО-ДПМНЕ, Марјан Ристески“, рече Еленче Ташкоска – Член на Советот во Општина Прилеп.

„Во населбата Сточен пазар каде што сега се наоѓаме, Ристески вети изградба на ново Основно училиште за децата од оваа населба и населбата Жабино маало, со рок на изградба до 2013 година.

Еве, сега сме 2016 година, ново училиште сеуште нема!

Не успеавме ниту да ја пронајдеме точната локација каде требаше да се изгради новото училиште, затоа што власта не успеа ниту да ја определи истата.

Откако со ребаланс на буџет во 2014 ги избриша средствата за ново училиште во Сточен пазар, Ристески вети преадаптација на старите простории на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ во населбата Жабино маало во чиј склоп покрај зграда за основците, требаше да има и нова градинка.

Но, и тоа се покажа како обична манипулација со родителите и децата од овие населби. Ниту таму не се направи ново училиште, ниту нова градинка!

Повторно прашуваме, исто како и за неизградените мостови, дали предвидените средства за изградба на ОУ во Сточен пазар, изминативе години се трошеа на честите патувања на Марјан Ристески во Австралија?

После 11 години власт на Марјан Ристески и потрошени 200 милиони евра народни пари, се уште не е решен ниту проблемот со недостаток на места во градинките.

ВМРО-ДПМНЕ целосно го уназади и го партизираше образовниот процес.

Оттаму, го прашуваме директорот на ОУ „Страшо Пинџур“ во с. Мало Коњари, Зоран Петрески, има ли логика ПОСТОЕЊЕТО на две паралелки во Кадино Село, кога таму има деца едвај за една?

Дали вработувањето на партиската војска е пред интересите на децата и нивните родители?

Затоа се потребни реформи во медиумите, вистината да допре до граѓаните“, изјави Еленче Ташкоска – Член на Советот во Општина Прилеп.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски ги поништува реформите – сака целосна партизација и контрола на безбедносните служби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски