(ВИДЕО) СДСМ: Народот во Македонија е сè посиромашен, а партијата на власт ВМРО-ДПМНЕ сè побогата

Од:

„Минатата седмица имавме прилика да видиме дека ВМРО-ДПМНЕ во Охрид се пресели во нови партиски простории. Јавноста штуро беше информирана дека новите простории се купени со сопствени средства на партијата. Се работи за атрактивна локација во центарот на градот, со пазарна вредност од над 300 илјади евра. Народот во Македонија е се‘ посиромашен, а партијата на власт ВМРО-ДПМНЕ се‘ побогата.

Според овој имотен лист, станува збор за 123 метри квадратни во комплексот згради кај Старата автобуска станица во Охрид. Се поставува прашањето – како на партијата ВМРО-ДПМНЕ и‘ успева да се богати и луксузира додека граѓаните едвај да врзуваат крај со крај“, рече на денешната прес-конференција Томислав Тунтев, претседател на општинската организација ОО СДСМ Охрид и пратеник.

„Пред неколку месеци веќе обелоденивме официјални докази за тоа како ВМРО-ДПМНЕ за само три месеци, пред изборите оваа година, во повеќе градови низ Македонија стана сопственик на имот вреден над 1,6 милиони евра.

Како ли партијата на Никола Груевски, којашто во 2011 година имала долг 3.5 милиони евра, за само три години подоцна стана сопственик на имот од над 1.6 милиони евра?

Како успеа ВМРО-ДПМНЕ да врати 3,5 милиони евра и да собере уште 1,6 милиони евра за нов имот ширум Македонија? На кој начин партијата ги прибра тие пари?

Зошто тоа истото не може да го направи и локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид, па да започне конечно со инвестирање во ветените приоритетни проекти за охриѓани?!

dokument-oh

Зошто огромни пари се инвестираат во партиски простории, а можат да се искористат за добробит на сите охриѓани?! Наместо тоа, локалната самоуправа во Охрид дополнително ќе ги задолжи охриѓани со нови 127 милиони денари кредит за наводни капитални инвестиции. Од кога пет возила за „Охридски комуналец“, две кружни раскрсници и асфалтирање на неколку улици претставуваат капитални инвестиции?!

Што стана со приоритетните капитални проекти што ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот им ги ветија на охриѓани пред 20 месеци во нивната изборна програма?

ВМРО-ДПМНЕ има обврска пред граѓаните, коишто ги доведе на работ на сиромаштијата, да одговори на овие прашања“, изјави Томислав Тунтев.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дали ОЈО се злоупотребува за изборната кампања исто како и хајката против Каевски набргу ќе стане јасно

СДСМ: Глас за нас е глас за поголеми плати и унапредени работнички права

СДСМ до Димитриевски: Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци

А1он

Ковачевски: Со враќање на ВМРО-ДПМНЕ дозволуваме сигурна блокада на Македонија и внатрешни етнички тензии

А1он

Ковачевски: Нека е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците

А1он

СДСМ за ЗНАМ на Димитриевски: Човек-партија, граѓаните ја препознаваат измамата

А1он