(ВИДЕО) СДСМ: Најавените бесплатни униформи ги чинат родителите над 3 илјади денари

Од:

„Под превезот на бесплатни униформи за учениците, власта продолжува да собира пари од родителите од општина Аеродром.

Најавените бесплатни униформи досега ги чинеа родителите до 2.500 денари. Но, тоа не е се.

Сега, од родителите на секој ученик во Аеродром се бара да купат здолниште или панталони за зимскиот период. Тоа ќе ги чини по најмалку 600 денари дополнителен трошок од ученик. Уште толку и за резервен пар пантолони или здолниште. За оние што имаат две деца тоа ќе значи двојно повеќе.

Значи, за најавените бесплатни униформи родителите ќе платат до 3.100 денари по ученик, за еден комплет.

Ете колку вреди оваа манипулација на власта и колку всушност се скапи најавените бесплатни униформи“, изјави на денешната прес-конференција Љубица Јанчева, координаторка на Советничката група на СДСМ и коалициските партнери во Советот на општина Аеродром.

„За околу 6.000 ученици во општина Аеродом, општината и нејзините бизнис партнери ќе извлечат од родителите околу 300.000 евра.

Манипулациите на власта се надградени и проширени со обврска за задолжително носење на униформите и закани дека доколку учениците не ја носат униформата, или дел од неа, ќе бидат отстранети од настава.

СДСМ веќе предупреди за оваа дрскост на власта која е спротивна на Законот и дополнително ги револтира граѓаните.

Понатаму оваа смислена операција на власта тече вака.

Родителите се повикуваат најпрво да извршат уплата за зимско здолниште или зимски панталони. Потоа, секој понеделник, со копии од уплатниците, родителите може да го подигнат зимскиот дел од бесплатната униформа.

Бараме одговори и одговорност од општина Аеродром и од Министерството за образование и наука.

Бараме парите да им се вратат на родителите, вкупните трошоци  да ги покрие општината Аеродром, и униформите навистина да бидат бесплатни“, рече Љубица Јанчева.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Кузеска: Народот ќе го победи Мицкоски, ќе победи европска Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Доказ за безидејноста и конфузијата која владее во СДС е денешната прес-конференција на Венко Филипче

Мицкоски: Ако некој смета дека треба да бидемe дел од ЕУ, подготвени сме за се што е конструктивно, но не и деструктивно

Предраг Петровиќ

Филипче: Нема нова технологија дома, а Мицкоски ќе правел технологија за гласање од надвор

Предраг Петровиќ

СДСМ: Државата ги продава становите на Груевски за неколку милиони евра, додека тој си ги ужива милијардите во Будимпешта

Предраг Петровиќ