(ВИДЕО) СДСМ: Кумот на Максим Димитриевски со поддршка на ДУИ си спечали 350.000 евра

Од:

Презентираме во детали најголемиот урбанистички корупциски скандал што го видел Куманово во последните децении – организиран, координиран и спроведен под директно влијание на градоначалникот Максим Димитриевски. Денес членовите на ЗНАМ и поддржувачите ќе дознаат дека движењето на ЗНАМ е движење за корупција и богатење на нивниот претседател Максим Димитриевски, рече советничката од СДСМ во Советот на општина куманова Атина Мургашанска.

– Големиот поборник за правда Димитриевски, кој својата кариера ја изгради противејќи се на ДУИ, сега во соработка со советниците токму на ДУИ, си изгласа ДУП, со кој очигледно дебело се офајди со сума од 350.000 евра. Ова што го режираше Димитриевски, поддржан од советниците на ДУИ, треба да влезе во книгите за организиран криминал и корупција. Фактите се следни: Прво, преку политички притисок и манипулации, се изгласа измена на Деталниот урбанистички план на просторот кај поранешен ЧИК Куманово, односно простор од над 40.000 м² државно земјиште, под изговор за инвестиција на „Лидл“. Но зад навидум добрата намера, се крие добро осмислена шема за лично богатење преку семејни, кумски и политички врски. Во август 2023, Општина Куманово распишува тендер за продажба на државно земјиште во индустриската зона Речица. Се знае однапред – купувач ќе биде „Лидл“. Продажбата е директно од државата кон Лидл, со цена од 5,5 милиони евра. До тука нема ништо спорно.Но сега внимавајте, само два месеци подоцна, друга парцела која е во сопственост на таткото и братучедот на Димитриевски, е купена од кумот на Димитриевски, Драган Митевски, за 250.000 евра. По само неколку дена, истата парцела е препродадена на „Лидл“ – за 600.000 евра. Кумот на Димитриевски, кој го купил земјиштето од фамилијата на Димитриевски, заработил 350.000 евра – за неколку дена. Без бизнис, без инвестиција, без ризик. Само со купи-продај, вели Мургашанска.

Таа постави неколку прашања за кои вели дека Димитриевски мора итно да ги одговори.

– Од сите парцели во Куманово, како точно „Лидл“ завршува со имот на семејството на Димитриевски? Како тоа за неколку дена пораснала цената на земјиштето повеќе од двојно? Дали реномирана компанија е намерно навлечена да плати повеќе? Колку пари од оваа зделка во џеб има ставено градоначалникот и неговата фамилија? Како тоа ДУИ, која на хартија е опозиција, гласа за предлог на градоначалник кој нема мнозинство? Нели ДУИ беа оние против кои се бореше ЗНАМ на Максим Димитриевски? Или кога е бизнис во прашање добри се? Дали е точно дека за да изгласаат, им е ветена противуслуга на поединци? И за крај едно директно прашање и до премиерот Мицкоски. Премиере, зошто Максим Димитриевски има право да си соработува со ДУИ за свои интереси, а Таравари не смее, вели Мургашанска.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нова слика на Мицкоски – старо друштво

СДСМ: „Буџетот не е во најдобра состојба“ – оваа изјава на Божиновска е доказ дека фалат 2 милијарди евра

А1он

СДСМ: За да се впушти во борба против криминалот и корупцијата Мицкоски треба да се уапси самиот себе

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Пет тони дрога поминале низ Македонија, кој ќе одговара за картелскиот скандал?

СДСМ: Скандал со повлекувањето на Кедев, дали Жан излезе со клевети за Филипче за да се спаси

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Платите на работниците треба да се покачат сега, а не за две години

Предраг Петровиќ