(ВИДЕО) СДСМ и Движењето Нова Република потпишаа меморандум за соработка во пресрет на изборите

Од:

Денес во просториите на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски потпиша меморандум за соработка со претседателот на Движењето за Нова Република, Ивон Величковски, со кој се проширува соработката со сите општествени и политички чинители, а во насока на продолжувањето на активностите кои означуваат обезбедување европска иднина за граѓаните, се вели во соопштението од СДСМ.

„Со меморандумот за соработка се потврдува соработката со Движењето за Нова Република со цел полноправно членство на Северна Македонија во Европската Унија и придонес кон националната и колективната безбедност и одбрана на Северна Македонија и кон нејзините сојузници во НАТО. Воедно, потписниците со потпишаниот меморандум ја потврдуваат соработката со цел зајакнување на владеењето на правото во Северна Македонија по изборите, а воедно ќе се залагаат за креирање и спроведување одржливи јавни политики со кои ќе се обезбеди просперитет за граѓаните и државата“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус