(ВИДЕО) СДСМ: Дали градоначалникот на Прилеп со автомобил удрил млад човек?

Од:

-Дали градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески синоќа направил сообраќаен прекршок и удрил млад човек. Прашуваат од СДСМ?

-Дали е точно, дека вчера околу 22 часот во центарот на Прилеп, на булеварот Гоце Делчев, градоначалникот Ристески, со неговиот џип марка КИА спорт, направил забрането полукружно свртување и притоа удрил во млад човек кој управувал со скутер Веспа?

-Дали од страна на Полициската станица во Прилеп и од страна на истражен судија е направена увидна контрола на местото и дали има Записник од ваков настан?

По видео материјалите што излегоа во јавност, со информации дека на сникмата е џипот на градоначалникот Ристески, Марјан Ристески е должен да каже дали бил учесник во ваков инцидент?

И од болницата Борка Талески до овој момент не е соопштено дали синоќа, околу 22 часот, кај нив е донесено младо лице повредено во сообраќаен судир.

За штурите неофицијални информации коишто говорат дека градоначалникот на Прилеп направил сообраќајка во којашто удрил човек, засега нема официјално соопштение од надлежните.

Ова упатува на сомнеж дека нешто се крие.

Укажуваме дека МВР и другите надлежни органи, како и Ристески, се должни да им ја соопштат вистината на граѓаните.

Законите во оваа држава мора да важат за сите подеднакво!

Би можело да ве интересира

СДСМ: Се кратат парите за спортот, со Борко Ристовски македонскиот спорт оди кон пропаст

(ВИДЕО) Радеска: Повторно нема лекови на Онкологија – СДСМ бара оставка од Клековски

СДСМ: Кривична одговорност за Алта банка мора да има – Обвинителството да постапува

Горан Наумовски

Стојаноски: Ќе ја поддржиме иницијативата на Пратеничката група на СДСМ за вонредна седница поврзана со семејното насилство

ВИДЕО: СДСМ поднесе интерпелација за Трајко Славески за Алта банка

СДСМ бара итна собраниска седница за насилството врз жените и одговорност од институциите