(ВИДЕО) СДСМ: 180.000 граѓани живеат со под 40 денари на ден, еве решение

Од:

На денешниот Меѓународен ден за борба против сиромаштијата, слушнете каква е состојбата во Македонија:

180.000 лица во нашата држава живеат со помалку од 40 денари на ден!

Македонија има најголема сиромаштија во Европа!

Ова не е податок на СДСМ. Ова е последниот пресметан податок од Светската банка, за тоа како живеат луѓето во Македонија, рече Драган Тевдовски, претседател на Комисијата за економија на СДСМ.

Според Светската банка, во 2010 година (ова е последна година за која има податок), 9,1% од луѓето во земјава живеат со помалку од 2 долара од 2005 година на ден. Овие 2 долара од 2005 година се еднакви на околу 40 денари, затоа што станува збор за меѓународни долари од 2005 година, кои се претвараат во денари со множење со Паритетот на куповна моќ, факторот на конверзија за 2005 година (18.4), и со зголемување за кумулативната инфлација помеѓу 2005 и 2010 година (околу 14%).

Четири години потоа, состојбата е влошена, бидејки сите економски параметри одат надолу.
За споредба со Македонија, втората држава со највисока сиромаштија во Европа, Молдавија, има двојно пониска стапка на сиромаштија, околу 4.4 отсто. Стапката на сиромаштија во земјава е на ниво на некои држави од Латинска Америка, како Бразил и Еквадор, кај коишто оваа стапка изнесува околу 10.5% од населението.

Уште позагриживачки од висината на сиромаштијата во земјава, е фактот што таа интензивно расте!

Ако за период од 4 години, од 2006 година, сиромаштијата во Молдавија, Бразил и Еквадор се намалила, во Македонија ситуацијата е обратна.

Во 2006 година, кога ВМРО – ДПМНЕ доаѓа на власт, стапката на сиромаштија во Македонија изнесувала 4.6 отсто од населението. Власта на Груевски, со нивните катастрофални економски политики, за само 4 години го дуплира бројот на сиромашно население во земјава!

Еве едно од конкретните решенија на СДСМ, за надминување на оваа состојба.

СДСМ ќе воведе Програма за минимален приход во земјава. Граѓанскиот сектор за ова посебно се заложува последниве години.

Еве што ќе смени тоа.

Социјалните трансфери не помагаат во надминување на сиромаштија кај оние кои ги користат. Овие луѓе едвај преживуваат. На пример, социјалната парична помош за самец изнесува 2.451 денар во првите три години од користење на правото, што не е ниту половина од линијата на сиромаштија. Слична е состојбата и со постојаната парична помош.

Програмата за минимален приход ќе постави граница под којашто нема да одат приходите за социјалните категории. Според нашите проценки за оваа Програма ќе треба да се наменат 38 милиони евра, ако таа започне во 2015 година. Средствата ќе се обезбедат со редиструбуција на парите, исклучиво според потребите на граѓаните.

За нас нема никаква дилема дали споменици или луѓе. Граѓаните се на прво место.

Би можело да ве интересира

СДСМ наредната недела ќе почне со подготовки за отчетниот Конгрес, а потоа и за внатрепартиските избори

Оставки по поразот – И Лукаревска заминува од потпретседателското место во СДСМ

Анита Петровска Рајковиќ

Деспотовски: Пропуштивме огромна шанса да го направиме првиот чекор кој почнува со одговорност од врвот

Орце Костов

Ковачевски го призна поразот: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Анита Петровска Рајковиќ

ВМРО-ДПМНЕ 227.944 гласови, СДСМ 77.658 гласови од 63% обработени избирачки места

Орце Костов

ВМРО-ДПМНЕ со голема предност пред СДСМ, покажуваат бројките на партијата