(ВИДЕО) СДММ: Како се збогатил Влатко Ѓорчев?

Од:

„Три дена ВМРО-ДПМНЕ и Влатко Ѓорчев молчат за непријавените месечни хонорари од 1.200 евра за неговата сопруга, преку Министерството за надворешни работи.

Нема одговори зошто Влатко Ѓорчев не ги пријавил овие приходи, коишто му донеле околу 15.000 евра за само една година, во Анкетниот лист?

Можеби токму Анкетниот лист на Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ ги има одговорите за молкот и непријавените приходи“, рече Рената Јајоска, членка на Извршниот одбор на СДММ.

„Вкупниот имот на Влатко Ѓорчев пријавен во Анкетниот лист тежи речиси 400.000 евра!

Студентите коишто живеат во соби со мувла, но и граѓаните прашуваат како се збогатил Влатко Ѓорчев?

Како тоа за две години се купува оваа куќа зад мене од 125 м2 и плац од 500м2, за околу 140 илјади евра?

Како и покрај тоа што купил куќа успеал официјално да „заштеди“ уште 19.000 евра, според Анкетниот лист?

Има ли и други непријавени приходи Влатко Ѓорчев што ги крие од јавноста?

Дали „тајната формула“ на Влатко Ѓорчев се непријавените приходи?

Додека студентите живеат во катастрофални услови, функцинерите на ВМРО-ДПМНЕ се богатат.

Ова е уште еден пример зошто правдата мора да се врати во Македонија, зошто аболицијата мора целосно да биде поништена“, изјави Рената Јајоска, членка на Извршниот одбор на СДММ.

Би можело да ве интересира

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски