(ВИДЕО) Савевски: Со законот за хонорари и владата не знае да се справи

Од:

Законот за плаќање придонеси за хонорарите е проблематичен од повеќе аспекти, тој доведува до осиромашување на многу луѓе кои се на границата на сиромаштијата, беше речено на денешната акција пре Министерството за труд и социјала, каде , уметници, новинари, и хонорарци од различни сектори пишуваа прашања до надлежното министерство.

– Затоа протестираме против овој закон. Протестиравме и ќе протестираме. Идниот петок на 13. ќе има протесет против осиромашувањето кое го предизвикува овој закон. Овој закон создаде невидено голем број бирократски процедури што ги креира владата и самата не знае да одговори. Цел месец се врткаа, не можеа да најдат решение за своите бирократски проблеми, иако си дадоа рок од 6 месеци да ги средат тие бирократски проблеми. И затоа е оваа акција, да ги прашаме: што мислеа со бирократските процедури, како треба еден граѓанин да се справи со овие бирократски процедури кои тие му ги наметнуваат, рече Здравко Савевски од движењето „Солидарност“

Савевски уште еднаш нагласи дека законот за плаќање придонеси на хонорарите е неуставен бидејќи става во неповолна положба луѓе кои се принудени да работат за хонорар.

Со три акции ќе се напаѓа против законот за придонеси за хонорарите, со протести со барање одговори за бирократските процедури на кои се изложени хонорарците и со поднесување на иницијатива за преиспитување на уставноста на овој закон.

Би можело да ве интересира

Џафери не ја стави на гласање Декларацијата на Левица за Палестина оти не била преведена на албански

Орце Костов

Амандманска расправа за законот за данок на солидарност

Агенцијата за филм без критериуми исплаќала хонорари од 15.000 до 60.000 денари за рецензенти, утврдија ревизорите

Орце Костов

„Солидарност“ демантира дека ќе се вклучи во формирање партија

Ана Ололовска

Солидарност: Власта е соучесник во експлоатацијата на работниците

Ана Ололовска

Солидарност: Борбата против малигниот груевизам во општеството мора да продолжи!

Емир Латифовиќ