А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Видео Македонија

(ВИДЕО) Санев: Јанкулоска бесправно ме деградираше за да ја унапреди сопругата на Горан Грујевски

by А1он24/03/2018 - 14:4824/03/2018 - 14:51905
Share0

Поранешниот началник на Одделението за меѓународна соработка во Секторот за Европска унија при МВР, Антонио Санев во 2012 година од оваа позиција е распореден на два степена пониско работно место и на негово место доаѓа сопругата на началникот од УБК, Горан Грујевски, Росица Грујевска која била преземена од граничната полиција.

Добивај вести на вибер

Санев од Одделението за меѓународна соработка е преместен во Регионалниот центар за гранични работи Север како аналитичар и смета дека со оваа одлука која е донесена од поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска е максимално деградиран и дека позади целата работа стојат меѓусебни интереси помеѓу засегнатите страни.

– Сменет сум од страна на дисциплинската комисија на чие чело беше Киро Тодоровски, назначен од тогашната министерка Гордана Јанкулоска. Од комисијата моето менување го образложуваат со тоа дека сум направил прекршување на прописи на МВР затоа што не сум извадил беџ и во даден период не сум бил во канцеларијата. Се работи за едно тотално лажирање и назначување на друго лице место мене кое ќе извршува наредби, вели Санев додавајќи дека покрај другото, Тодоровски не исполнувал услови да биде претседател на комисијата со што е прекршен колективниот договор на МВР и Законот за внатрешни работи.

Прераспределениот началник за оваа одлука во повеќе наврати поднел приговори до секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при МВР како и до министрите кои биле на чело на ова министерство од 2012 година па досега, Агим Нухиу и актуелниот министер Оливер Спасовски. Приговорите констатно биле одбивани како неосновани, а министерот Спасовски го советувал правдата да ја бара на суд.

-Ваквото однесување и прикривање е кривично дело и злоупотреба на службената должност од страна на највисоките преставници на МВР. Самото министерство констатирало незаконитост и не презема ништо во врска со тоа, вели Санев.

По добиениот одговор од министерот Спасовски, Санев одлуката за распоредувањето ја обжалил кај Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос од втор степен, но и оттаму добил решение во кое стои дека приговорот се отфрла како недозволен.

Санев го повика премиерот Зоран Заев и јавното обвинителство да се ангажираат околу целиот случај и да го расчистат хаосот кој се случува во МВР.

Виктор Јованов

mvrnsp

Би можело да ве интересира

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он18/02/2026 - 16:05

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он14/02/2026 - 19:25

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски13/02/2026 - 12:4413/02/2026 - 12:45

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски07/02/2026 - 15:1507/02/2026 - 15:17

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

Предраг Петровиќ31/01/2026 - 17:01

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Горан Наумовски30/01/2026 - 13:41
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен