(ВИДЕО) Заев-Сакеларопулу: Договорот од Преспа создаде партнерство меѓу С. Македонија и Грција

Од:

Договорот од Преспа, освен што го реши тридецениското отворено прашање меѓу двете соседни земји, создаде и сојуз и партнерство и денеска Грција е силен поддржувач на Република Северна Македонија во нејзиниот процес за интеграција во ЕУ, оцениле премиерот Зоран Заев и претседателката на Грција, Катерина Сакеларопулу на денешната средба во Атина.

Премиерот Заев изразил уверување дека Грција ќе биде еден од главните лобисти за успешен старт на првата меѓувладина конференција за време на германското претседателство со Советот на ЕУ, со која ќе стартува процесот на преговори за членство на Северна Македонија во Европската Унија.

Претседателката на Грција оценила дека билатералните односи меѓу двете земји влегле во нова ера и како што соопштија од нејзиниот Кабинет, му честитала на премиерот Заев за неговиот реизбор на премиерската позиција.

Сакеларопулу се осврнала на важноста да се имплементира Договорот од Преспа со цел да има продлабочување на билатералните односи на двете земји и ја споменала цврстата поддршка од Грција за европската перспектива на Северна Македонија.

Грчката претседателка го известила премиерот Заев и за активностите на Турција во Источниот Медитеран, притоа додавајќи дека ЕУ и земјите од регионот треба да испратат јасна порака дека насилството не носи правда, а просперитетот на народите се базира на добрососедските односи, на што Заев истакнал дека Грција може да се потпре да пријателска Северна Македонија.

Двајцата соговорници разговарале и за потенцијалите за проширување и продлабочување на економската соработка која треба да биде поттикната и од вториот состанок на Советот за соработка на ниво на влади во Атина на кој ќе се разговара за натамошното имплементирање на Акциониот план за интензивирање и збогатување на соработката помеѓу двете држави, како што е предвидено во Договорот од Преспа.

На средбата, од македонска страна присуствувале и вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џамбаски: Димитар Ковачевски му го носеше кафето на Заев, името му е бугарска Али Експрес верзија

Орце Костов

Заев: 75 % од граѓаните се против референдум за договорот со Бугарија, останатите 25 % се вмровци

Маја Илиевска-Пачемска

Стоилковски: Дали луксузните имоти во кои престојуваат Заеви во Дубаи се нивна сопственост?