(ВИДЕО) Ружин: Иванов да не бара изговори за фијаското со Самитот

Од:

Откажувањето на Самитот на лидерите на Југоисточна Европа во Охрид кој конитинуирано се одржува од 1996 година е троен неуспех за Македонија, реагира ЛДП. Од партијата порачуваат дека претседателот Ѓорѓе Иванов не смее да се извлекува од фијаското со изјавата дека „ нема да дозволи врз грбот на Македонија да се прекршуваат старите балканските предрасуди“.

Од ЛДП посочуваат дека тројниот неуспех се огледува во тоа што со неуспешниот Самит, драстично опаѓаа меѓународниот имиџ на Македонија, дека тоа е голем пораз на македонската дилпломатија и уште една потврда за погрешна политика кон соседите.

-За успешноста не е доволен прекрасниот Охрид, туку е неопходна конзистентна полтика на доброседство. И овој пат, како по Букурешт има обиди причните за неуспехот да се бараат надвор. Причните претседателе, треба да ги барате дома, во отсуството на дипломатска предвидливост и во неспоспособноста и тврдокорноста на политиката која нема ништо заедничко со европските вредности на дејствување, рече Нано Ружин од ЛДП.

Би можело да ве интересира

ЛДП: Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори

ЛДП доби признание за иновативни решенија на конгресот на АЛДЕ во Брисел како клучен член на европското либерално семејство

Зајкова: Да избереме напредок, одговорност и дела што носат подобро секојдневие за сите нас

Горан Наумовски

ЛДП: Идентитетот не се гради со уривање на заштитеното културно наследство

Перуанската претседателка Болуарте е разрешена, Хозе Хери станува привремен претседател

Геговска: Трагедијата на Росица нека биде последна, бараме итно воведување на електронска нараквица за насилниците

Катерина Ѓуровски