(ВИДЕО) Русковска: Секој од обвинетите за 27 април е една коцка од мозаикот, со своја улога

Од:

„Тоа што обвинетите изјавија дека се жртви на политички прогон е нивно мислење и се надевам дека тоа нивно мислење ќе го поткрепат со нешто“, рече обвинителката Вилма Русковска по завршувањето на главната расправа за организацијата на „крвавиот четврток“, каде обвинети се поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски, поранешните министри за транспорт и врски и за труд и социјална политика Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и екс директорот на УБК Владимир Атанасовски.

„Обвинителството ќе докаже дека обвинетите кои седат во судницата склучиле план со намера за загрозување на уставниот поредок, како резултат на што се случи настанот на 27 април 2017 година познат како крвавиот четврток“, рече Русковска.

Русковска настанот го претстави како мозаик.

„Секој од сега обвинетите претставува една коцка. Доколку фали една коцка, мозаикот е непотполен. Токму нивните усогласени поврзани дејства го претставуваат тој мозаик“, рече таа.

Денеска на главната расправа, Русковска воведните заврши ги заврши со мисла од Гоце Делчев.

„Да ги завршам овие воведни зборови со мисла од големиот Гоце Делчев: Историјата не памети друг таков пример кога еден ист народ по традиција, јазик и вера се разделува на толку различни страни. Една од друга по туѓа“, рече таа.

Би можело да ве интересира

Јанакиески бил незаконски притворен и држен во домашен притвор за „Шпански скали“ и 27 април, пресуди судот во Стразбур

Александар Тодески

(ВИДЕО) Го спаси Села во собранието, одлежа шест години затвор: Алими денеска излезе на слобода

А1он

Прва пресуда од Стразбур за 27 април – Божиновска: Сакам правда, не пари

Анита Петровска Рајковиќ

Предметот „Организаторите за 27 април“ вратен во Кривичен суд, рочиштето одложено

Ана Ололовска

Група граѓани пред Собранието побара слобода за обвинетите за 27 април

Ана Ололовска

СДСМ: „27 април“ е најцрниот датум во историјата на македонската демократија