ВИДЕО: Русковска негираше, но Маричиќ потврдува дека таа е обвинителката со којa се сретнал во петокот

Од:

Вилма Русковска, шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал е обвинителот со кој министерот за правда, Бојан Маричиќ се сретнал во петокот и од кого дознал дека можно е бегство на Сашо Мијалков, дознава „А1он“. Потврда за информацијата добивме и од Маричиќ, кој кажа дека бил на неформална средба со Русковска. Ова е спротивно на тврдењето на Русковска, која пред шест дена категорично негираше дека во петокот известила член на Владата за индициите за бегство на Мијалков.

Министерот Маричиќ за „А1он“ вели дека на средбата со Русковска во петокот се дискутирало за проблемите со кои се соочува Обвинителството од секаков аспект, а информацијата за можно бегство на Мијалков од Русковска, му била кажана како гласина која обвинителката ја слушнала, без да посочи извор.

„Тоа беше неформална средба, на која се разговараше за повеќе теми поврзани со работата на Обвинителството, имплементација на Законот за јавно обвинителство. Се разговараше за тековната работа на Обвинителството и проблемите со кои се соочува. Јас немав ниту информација дека дента имало завршни зборови во процесот за случајот ‘Таргет-Тврдина’. Не знаев кој е изворот, па посочив да се проверат информациите, па доколку се точни, да се постапи“, вели Маричиќ.

Според ова, иако негираше, обвинителката Русковска уште во петокот ги добила информациите дека Мијалков спрема бегство. Како што е познато, Русковска барала проверка од МВР барала во саботата, за во неделата Обвинителството да побара и притвор од Кривичниот суд.

„Јас во петокот никого немам известено, дури кога се видов со колегите што постапуваат по предметот, ми кажаа дека се комплетно завршени завршните зборови. Јас ни тоа не знаев, мислев во понеделник, односно вчера, ќе завршат завршните зборови. Така што, немав зошто да се јавувам ниту на министерот за внатрешни работи, ниту на било кој член на Владата“, рече Русковска одговарајќи на новинарско прашање во вторникот, кога Мијалков сам се појави во Обвинителството.

Дека имала информација за можното бегство на Мијалков уште во петокот, обвинителката Русковска не соопшти ниту во изјавите за медиумите кои ги даваше додека Мијалков го немаше, но и откако се појави. Таа и во изјава за „А1он“ кажа дека во саботата, откако ја добила информацијата која била индиција, го информирала Спасовски за да МВР ја провери.

И обвинителката Ленче Ристоска, во присуство на обвинителот Трајче Пеливанов, кажа дека во петокот не биле информирани, ниту информирале за можно бегство на Мијалков.

„Со предметниот обвинител, еве тука е и колегата Пеливанов, ние не сме имале информации во петокот, воопшто. Ако сме имале, ние во петокот бевме на судење, ќе побаравме да биде определена мерка притвор. Првите информации ги добивме во саботата вечерта, откако направивме проверки – реагиравме. Не се точни информациите дека ние сме знаеле од петокот“, рече Ристоска по пресудата за „Таргет-Тврдина“ во петокот.

За случајот поврзан со бегството на Мијалков, за кого беше распишана и меѓународна потерница, се води истрага од страна на Обвинителството. Засега, останува непознато и каде бил Мијалков од неделата до вторникот, кога сам се појави пред Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Би можело да ве интересира

Јанакиески излегува во јуни, за Мијалков ќе одлучува Кривичен

Ослободителна пресуда за Мијалков и Јакимовски за „Трезор“

Анита Петровска Рајковиќ

Во Кривичен пресуда за Трезор

Повторно ќе се продава имот на Сашо Мијалков, државата очекува два милиона евра од плацевите на Водно

Катерина Ѓуровски

Небиу: Вработените се мета на вознемирување и заплашување, поради обидите да го продадат конфискуваниот имот на Мијалков

Фирма на Мијалкови должи два милиони евра за ДДВ: УЈП ги објави најголемите должници

Орце Костов