ВИДЕО: Руски комичари објавија снимка со Заев, се претставиле како Порошенко и Столтенберг

Од:

Руските комичари Вован (Владимир Кузенцов) и Лексус (Алексеј Столаров) објавија видео од три разговори со премиерот Зоран Заев, во кое тие се претставуваат како поранешниот украински претседател, Петро Порошенко.

Разговорите се водени кон крајот на август 2018-та, јануари 2019-та и 20 април 2019-та година.

Во еден од разговорите, комичарите зборуваат дека украинските научници ја откриле генетската врска на Порошенко со Александар Македонски, па така, му вели лажниот Порошенко на Заев, „сега можам да се викам Петро Македонски“.

Тие му нудат помош на Заев за посредство за МПЦ кај вселенскиот патријарх Вартоломеј.

Македонскиот премиер со комичарите разговара за надворешната политика, Преспанскиот договор, референдумот, односите меѓу Србија и Косово, Украина, односите со Русија, ЕУ и НАТО.

Во еден разговор тие го вклучуваат и „генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг“.

Руските комичари, во минатото лажно претставувајќи се разговарале и со украинскиот претседател Порошенко, британскиот министер Борис Џонсон, турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, францускиот претседател, Емануел Макрон и други јавни личности.

Би можело да ве интересира

Заев: Од економските мерки за справување со кризата, прво се испорачаа 200 милиони евра за поддршка на работниците, на стопанството и фирмите

Ана Ололовска

Заев на состанокот на ПЕС: Ќе ги задржиме сите работни места, време е за европска солидарност

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Заев: Товарот од кризата треба да го понесме заедно за побрзо да ги санираме последиците

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Заев: Политичките партии сами да одлучат дали ќе се откажат од парите за годинава

Ана Ололовска

Заев: За дел од граѓаните помош од една минимална плата, се запира и извршувањето додека трае кризата

Мери Јордановска

Заев се сретна со амбасадорот на Грција во Македонија, разговарано за НАТО, коронавирусот, мигрантите

Ландов