(ВИДЕО) Румен Радев: Скопје не ја научи лекцијата, повторно лобира во ЕУ за да сокрие недостатокот на реформи

Од:

Бугарскиот претседател Румен Радев им порача на властите во Македонија да не лобираат во земјите членки во ЕУ или во европските институции со цел да го покријат недостатокот на реформи во земјата.

– Скопје треба да си ја научи лекцијата за ЕУ. Гледам дека пак се враќаат на истиот пат пред преговарачката рамка, да лобираат кај членките на ЕУ, пред европските институции, со тоа да ги покријат недостатокот на реформи, нарушувањето на човечките права и неспремноста за почеток на преговори.

Тоа не е вистинскиот пат. Бугарија ќе продолжи да работи со сите институции во Брисел, со нашите европски партнери така што решенијата за Македонија да не се засноваат на лобирање кое ги прикрива недостатокот од реформи и непочитувањето на правата – истакна Радев од Софија.

Би можело да ве интересира

Вонредна состојба во југозападна Бугарија: Поројни дождови ги поплавија населбите

(ВИДЕО) Иран: Немаме проблем со Бугарите, но имаме право да го нападнеме изворот на агресијата против нас

Крум Ефремов ќе биде македонски амбасадор во Софија

Катерина Ѓуровски

Украина: Не го насочивме дронот кон Бугарија

Паника во Бугарија: Тешко вооружен дрон експлодира на бугарска територија

ВИДЕО: Брод со 238 луѓе се насука на Дунав поради многу ниско ниво на водата