(ВИДЕО) Ромските лидери се обединија за Пендаровски: „Доста беа делби и раздор“

Од:

Во Општина Шуто Оризари се одржа заедничка прес-конференција на ромските политички лидери кои застанаа зад претседателскиот кандидат Стево Пендаровски, за кој сметаат дека ќе овозможи подобра иднина за Ромите.

Тие истакнаа дека за првпат ќе работат здружно и во насока на поддршка за Пендаровски.

Градоначалникот Курто Дудуш нагласи дека постојат две причини за здружување помеѓу ромските политички субјекти.

„Прво, носени од концептот на помирување и соживот во едно мултиетничко општество и опкружување дојдовме до заклучок дека делбите и раздорот меѓу нас ќе донесе поголема штета за ромскиот народ во нашата земја. Па, оттука како претставник на владејачката партија во Република Северна Македонија, имав морална и професионална обврска да го вратам единството во ромскиот политички сектор во интерес на нашата заедница. Второ, сметам дека е доста од поделби и делби. Доаѓа нова ера, живот за сите, сите граѓани, вклучувајќи ги и Ромите, заслужуваат стабилна економија, континуирано вработување, повисоки плати, квалитетно здравство и решено станбено прашање. Нашите деца треба да бидат вреднувани по нивниот труд, а не по нивната кожа“, нагласи во дел од своето излагање градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш.

На прес-конференција свое излагање имаа и Амди Бајрам, Самка Ибраимовски и Неждет Мустафа.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?