(ВИДЕО) Ристовски: Со спорт да го јакнеме имунитетот и да спречиме ширење на заразата од Ковид-19

Од:

„Драго ми е што успеавме да направиме една компонента на еден тим од доктори и професори кои што ја направивме една организација која што ќе помогне во ова црнило кое што не снајде со пандемијата меѓутоа и да помогнеме во превенцијата, во спречување но и јакнењето на имунитетот со што би спречиле и заразување на тој Ковид-19.

Мислам дека вакви акции треба да се прават почесто и мислам дека можеби ова ќе биде само една иницијална каписла за тоа што планираме вакви активности да правиме и низ целата држава, низ цела Македонија“, рече Борко Ристовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Уште еднаш можам само да изразам благодарност до сите кои земаа дел од оваа организација до сите кој дојдоа да бидат со нас и да спортуваат во природа.

Да оставиме во следна прилика сите заедно уште помасовно да се дружиме и нека биде ова почеток на една убава приказна со која што ќе направиме да сите луѓе кои што активно, непрофесионално се занимаваат со спорт, со планинарење, велосипедизам или било што и да е ќе ни се приклучат и заедно ќе го омасовиме овој настан и ќе успее да помогне колку толку на сите оние луѓе кои што едноставно не се чувствуваат, нели пешачењето на Водно им е неприродна средина и ќе помогнеме да ги извлечеме од дома, да ги тргнеме дечињата од пред компјутери, од пред телефони и да сите заедно се дружиме и да испратиме една силна порака“, изјави Борко Ристовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски