(ВИДЕО) Ристевски: 700.000 денари одвои Владата за техничка документација за водовод во Долно Лисиче

Од:

Нови 700.000 денари одвои Владата предводена од СДСМ за граѓаните на Општина Аеродром. Овие средства се наменети за изработка на техничка документација за изградба на нова водоводна мрежа за жителите на улиците 2, 4 и 20 во Долно Лисиче. Ова ги решава проблемите со снабдувањето со вода, со кои се соочуваа жителите на овој дел од Долно Лисиче. Општина Аеродром е една од вкупно 27 општини ширум државата кои во февруари годинава добија средства на конкурсот за проекти од областа на животната средина, спроведен од Министерството за животна средина, изјави Милутин Ристевски, советник во Советот на општина Аеродром.

– СДСМ подеднакво се грижи за жителите на сите општини во државата, спротивно на лажните обвинувања на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром. За потсетување, доградбата и надградбата на ОУ „Блаже Конески“ е капитална инвестиција за која 100 милиони денари одвои Владата од централниот Буџет за 2024 година. Дополнително, 70 милиони денари годинава беа одвоени и за изградба на нов објект на клонот Изворче, на детската градинка Срничка.

Владејачкото мнозинство во Собранието предводено од СДСМ, во амандманската расправа за Буџетот за 2024 година, прифати амандмани на опозицијата со кои се обезбедија вкупно 170 милиони денари. Со прифаќањето на овие амандмани се овозможи надградбата на ОУ Блаже Конески и изградбата на новиот објект на ДГ Срничка.
Оваа инвестиција го решава проблемот со недостаток на места во училиштата и градинките на територија на Стар Аеродром. Парламентарното мнозинство даде поддршка за овие амандмани со цел да го поттикне развојот на општините и да создаде услови за рамномерен регионален развој. Владата предводена од СДСМ покажува на дело како се грижи за сите граѓани, без притоа да има било какви политичко-партиски, етнички и други приоритети. Приоритет број еден за СДСМ се граѓаните – рече Ристевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Без техничка влада не може да има праведни избори

А1он

(ВИДЕО) Лукаревска: Се најавува кредит од дури 6 милијарди евра, Владата ги турка граѓаните во должничко ропство

А1он

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Цветановски: САД гледаат со кого Мицкоски и Стоилковиќ се „стратешки партнери“ со „Ноќните волци“ на Путин

Горан Наумовски

СДСМ: Само техничка влада може да овозможи фер избори

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски