(ВИДЕО) Ристески вети инвестиции во образованието и бесплатен ранец и ученички прибор за првоодделенците

Од:

Кандидатот за градоначалник на Прилеп од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Марјан Ристески денеска изјави дека за 12 години инвестирале 12 милиони евра во училишни објекти и дека се инвестирало во секое училиште кое се наоѓа на територијата на општина Прилеп, бидејќи образованието бил нивни главен приоритет.

– Училиштата ги затекнавме како руини без ниту една инвестиција со децении , а денес имаат современ и европски изглед, денес тоа е гордост на прилепчани. И понатаму ќе продолжиме со инвестирање во образованието и нашата иднина, нашите деца. За неколку недели ќе се заврши изградбата на основното училиште во населба Сточен Пазар кое ќе биде отворено за големиот патрон на градот св. Никола и ќе го носи неговото име. Уште 3 нови спортски сали ќе добијат основните училишта Кире Гаврилоски – Јане, Кочо Рацин и Блаже Конески. Нова термо фасада ќе добијат сите основни и средни училишта во градот и населените места за подобар изглед и енергетска ефикасност, рече Ристески.

Тој вети комплетна реконструкција на санитарните јазли во училиштето Гоце Делчев и во училиштето во Големо Радобил, како и уредување на дворовите во сите основни и средни училишта со паркови со зелени ботанички градини.

– Целосна реконструкција на подрачното училиште од Добре Јованоски во воената зграда Лазо Филипоски- Лавски. Основните училишта Круме Волнароски во Тополчани и Старо Лагово ќе добијат систем за централно греење и комплетно партерно уредување на училишниот двор. Централно греење ќе добијат училиштата во Мало и Големо Коњари, а исто така во објектот на основното училиште во Мало Коњари ќе се отвори и детска градинка. Комплетна санација на училишната зграда во Мажучиште и партерно уредување на училишниот двор. Препокривање на училиштето Кирил и Методиј во Канатларци, а ќе добие и ново повеќенаменско игралиште и балон сала. За музичкото училиште „ Ордан Михајлоски – Оцка“ ќе се набават нови музички инструменти, а нова теретана ќе добијат средните училишта Ѓорче Петров, Орде Чопела и Ристе Ристески – Ричко, рече Ристески.

За гимназијата „Мирче Ацев“ вети промена на останатиот дел од надворешната столарија, изградба на фудбалско игралиште со вештачка трева, целосно препокривање како и санација на дел од кабинетскиот простор и целосно партерно уредување на просторот позади училиштето.

– Целосна санација на стариот училишен објект во средното општинско училиште „Кузман Јосифоски – Питу“ во близина на старата железничка. Во средното општинско училиште „Ѓорче Петров“ ќе се изврши санација на санитарните јазли и ќе се заврши со доуредување и целосно оградување на училишниот двор, а „Орде Чопела“ ќе добие нови парни котли и партерно уредување. Ќе се уредат просториите за практична настава во старата котлара во средното училиште „Ристе Ристески – Ричко“ како и санација на санитарни јазли и подовите од училниците и ходниците. Ќе ги опремиме сите основни и средни училишта со современи нагледни средства ,набавка на спортски реквизити,бесплатен интернет и систем за обезбедување за поголема безбедност на нашите деца, вели Ристески.

Како што кажа кандидатот за градоначалник за секој првоодделенец ќе се обезбедел бесплатен училишен ранец и ученички прибор, а ќе ги субвенционирале и униформите за учениците во сите основи и средни училишта на територија на општина Прилеп.

– Инвестиции ќе имаме и во градинките „Наша Иднина“, како што се промена на надворешната столарија и термо фасади, санација на покривите, како и изградба на 4 нови градинки во населбите Точила, Рид, Сточен Пазар и Корзо. Ќе доделиме стипендии за најдобрите 5 студенти од нашата општина селектирани по критериуми определени со правилник на Општината. Прилеп е единствена општина во Македонија која има изготвено Правилник за наградување талентирани ученици и студенти , ќе продолжиме и понатаму да ги наградуваме за успехот и освоените врвни резултати, рече Ристески.

Тој вети нова мултифункционална читална во центарот на градот со капацитет од 100 до 150 места и компјутери кои би им биле на располагање на сите граѓани.

– Спогодба помеѓу општината, бизнис секторот и средните технички училишта со цел продуцирање практична настава и продуцирање кадри кои ќе одговорат на потребите на домашните и странските компании во градот, вети Ристески.

Би можело да ве интересира

Стоилковски: Министерот Демири и заменик министерката Манолева да одговорат дали се работи за 120.000 евра санација за цела Хирургија и дали за 120.000 евра сиот здравстен систем е колабиран?

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Кога Кренар Лога ќе сака да глуми заштитник на наводната независност на судските институции добро е да објасни врз основа на кои од двата отсто доверба во судството го темели овој заклучок? Кога Кренар Лога ќе сака да глуми заштитник на наводната независност на судските институции добро е да објасни врз основа на кои од двата отсто доверба во судството го темели овој заклучок?

Предраг Петровиќ

Лога: Остра осуда за деградирачката реторика на ВМРО-ДПМНЕ кон Кацарска

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Кога Кацарска напушта раководна позиција, тоа е празник за правдата, служеше како судски портпарол на СДС и ДУИ

Стоилковски: Дали причина за хаосот на Хирургија е системот за компримираниот воздух или има бактерија МРСА

Средба за соработка помеѓу Движењето ЗНАМ – За наша Македонија и ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ