ВИДЕО: Реконструкција на страничното зеленило на „Партизански одреди“ во Карпош

Од:

На барање на жителите на Општина Карпош Градот Скопје ќе го обнови зеленилото на булеварот Партизански одреди, на потегот од крстосницата со улицата Московска до крстосницата со улицата Париска, информираат од Град Скопје.

– Градот Скопје денеска почнува со есенската акција за обновување на зеленилото во нашиот град. Почнуваме овде на булеварот Партизански одреди, на потегот од улицата Московска до улицата Париска, на површина од околу 4.000 квадратни метри. Ова зеленило беше сериозно запуштено, имајќи предвид дека во минатото било само засадено без соодветни системи за одржување. Сега, на оваа површина ставаме целосен систем „капка по капка“ што ќе овозможи развој на вегетацијата и подигнување на стандардите за квалитет на зелените површини, како и одвојување на пешачкиот од велосипедскиот сообраќај – рече на денешната прес-конференција градоначалникот Петре Шилегов.

Тој нагласи дека за Градот Скопје урбаната мобилност, алтернативните начини на движење и зазеленувањето на градот немаат алтернатива.

– Оваа есенска акција за зазеленување ќе се одвива до крајот на ноември. Градот Скопје само оваа година има обновено и подигнато нови над 120.000 квадрати зеленило – рече Шилегов.

На денешната прес-конференција присуствуваше и директорот на ЈП „Водовод и канализација“, Душко Весковски.

Би можело да ве интересира

Град Скопје: Трајко Славески не прифати седница за донирање на месечните паушали за Леонид

Предраг Петровиќ

Дива депонија во Визбегово, Арсовска најави кривични пријави

Стојановски: Утре изутрина од 4:45 часот јавниот градски превоз ќе продолжи нормално да функционира

Предраг Петровиќ

Советот на Град Скопје ја донесе одлуката за давање субвенции на ЈСП Скопје за 2024 година

Град Скопје: Вработените во ЈСП Скопје без плата, а граѓаните на Скопје без превоз

Левица: Итна седница на Советот на Град Скопје, Трудот на работниците во „Флораком“ и „Луна“ мора да биде исплатен

А1он