ВИДЕО: Реконструиран булеварот 8. Септември во Карпош, завршува сезоната на реконструкциите

Од:

Екипите на Град Скопје во рок од 30 дена ја завршија реконструкцијата на булеварот 8.Септември во општина Карпош, на потегот од булеварот Илинден до улицата Скупи, а со тоа завршува и градежната офанзива за оваа година во која реконструирани и во изградба се вкупно 21 сообраќајница. На овој булевар е извршена комплетна реконструкција на коловозот, реконструкција на тротоарите, замена на оштетените рабници и нивелација на постојните шахти и сливници, во двете насоки, во должина од 980 метри.

– Овој булевар е еден од најискористените во општина Карпош бидејќи преку мостот на Вардар ги поврзува населбите Карпош 2 и 3 со Злокуќани, Бардовци, Визбегово и околните населби. Пред 2 години на овој булевар изградивме велосипедска патека од улицата Варшавска до надвозникот кај „Александар палас“. Годинава ја продолживме оваа велосипедска патека од надвозникот до улицата Скупи и на тој начин го довршивме т.н. Конектор 5 кој ги поврзува трите главни велосипедски рути, на булеварите Илинден, Партизански одреди и Митрополит Теодосиј Гологанов, и патеката по кејот на Вардар во вкупна должина од 2 километра. Булеварот ќе добие и нов дрворед – рече градоначалникот Петре Шилегов, на денешната прес-конференција.

Тој упати благодарност до граѓаните кои покажаа разбирање и трпение кое беше неопходно за во исто време да се реконструираат голем број улици.

– Не застануваме тука, продолжуваме со изградбата на булеварот Никола Карев од касарната Илинден до клучката со Момин поток и потоа да влеземе во целосно решавање на сообраќајниот јазол кај клучката со Момин поток што е еден од главните сообраќајни јазли – рече Шилегов.

Би можело да ве интересира

Град Скопје: Трајко Славески не прифати седница за донирање на месечните паушали за Леонид

Предраг Петровиќ

Дива депонија во Визбегово, Арсовска најави кривични пријави

Стојановски: Утре изутрина од 4:45 часот јавниот градски превоз ќе продолжи нормално да функционира

Предраг Петровиќ

Советот на Град Скопје ја донесе одлуката за давање субвенции на ЈСП Скопје за 2024 година

Град Скопје: Вработените во ЈСП Скопје без плата, а граѓаните на Скопје без превоз

Левица: Итна седница на Советот на Град Скопје, Трудот на работниците во „Флораком“ и „Луна“ мора да биде исплатен

А1он