ВИДЕО: Разумниот компромис на Иванов стана Ерга Омнес?

Од:

Кој е вистинскиот став на претседателот Ѓорге Иванов за името? Оној, кога новоизбраниот претседател Иванов, на едно од првите соочувања со новинарите упорно тврдеше дека ќе се залага за „разумен компромис“ или сега кога покажува патритизам? Упорните новинари во мај 2009 не успеаја да извлечат што подразбира претседателот под „разумен компромис“, и тоа е една од изјавите по кои ќе остане препознатлив, иако никој не го разбра што е „разумното“ и дали „разумен компромис“ значи менување на името.

Пред три години, Иванов бараше повторно взаемно прифатливо решени, но да не се чепка во идентитетот.

4 години подоцна, кога очигледно се ближат претседателските избори Иванов се подготвува за втор мандат. На исто едно соочување, но овој пат со избрани новинари, кои во ракавици се однесуваа со претседателот, за да не излезе некој гаф од типот „космодиск демократија“ или „разумен компромис“, Иванов, цврсто и патриотски настапи- „ Република Македонија-erga omnes, значи потреба од преговори и договори нема.

-Да дојдеме до вземено прифатливо решение. Ако добиеме некое взаемно прифатливо решение секако секој има интерес да се реши овој спор и да влеземе во Европската иднина и НАТО, изјави Ѓорѓе Иванов пред три години.

Кој е вистинскиот став на Иванов за името?

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Јакимовски: На Македонија ѝ требаат над 50 милиони евра за младите да останат дома

А1он

СДСМ: Глас за Пендаровски е глас за сигурна европска иднина

А1он

Пендаровски прв на гласачкото ливче, ДИК ја одреди ждрепката за првиот круг

Орце Костов

Кабинет на Пендаровски: Претседателот може да користи службено возило и за време на кампања

Орце Костов

ДУИ официјално го промовира Османи како кандидат за претседател

А1он

Уште едно име во трката за собирање потписи: Гоце Ристов сака да биде претседател, иницијативата ја поднел вчера