Распеани Скопјани вчера настапија пред Министерството за култура со песната „I’m Still Standing“.
Хорската музика е фундамент на современата македонска култура имајќи го предвид фактот дека голем број македонски композитори, особено од првата генерација, го пронашле сопствениот јазик преку овој вид творештво. Не можеме повеќе да се согласиме со изјавата на министерката за култура дадена заедно со ветувањето за подобра 2013 за хоровите. Ве држиме за збор – порачаа Распеани Скопјени по нивниот вчерашен настап пред Министерството за култура.