(ВИДЕО) Ралф Брет: Потребни се повеќе консултации за образовните реформи

Од:

Амбасадорот на ОБСЕ, Ралф Брет, во неделното интервју на Радио Слободна Европа, вели дека од нивна гледна точка, во врска со Законот за високо образование, треба да има консултации, да се слушне повеќе и да се вклучи мислењето на засегнатите страни, тоа значи и на професорите и на студентите.

Според него целиот процес е краток. Сепак, на крајот парламентот е тој што ги усвојува законите. Значи во тој процес таму, правилата и нацрт законите можат да се изменат. Секогаш постои можност за тоа, сè до моментот кога ќе се усвојат.

Амбасадорот гледам главно два извора за проблемот со етничката нетрпеливост и постојаните меѓуетнички инциденти помеѓу младите.

„Едниот се стереотипите кои се длабоко вкоренети и во приватниот живот и во семејството и кои се пренесуваат од генерација на генерација. Вториот е поделеноста, која се должи делумно на образованието на мајчин јазик. Образованието на мајчин јазик е нешто што го поддржуваме, бидејќи е исто така во Охридскиот рамковен договор, но значи дека двете мнозински етнички заедници имаат главно поделено образование. Сметаме дека доколку првично се направат промени во самите семејства, климата на толеранција и отвореност кон другите заедници може да се постигне и во училиштата треба да има многу заеднички активности. Најмалку што може да се направи е да се почне со ненаставни активности, но исто така и многу предмети можат да се учат заедно. Но, секако за деталите треба да одлучат властите и меѓусебните консулатации меѓу родителите и учителите“, вели Брет

Политичката клима во земјава генерално е стабилна.

„Гледаме земја во која се работи, во која нормалните процеси се во тек, но секако дека проблемот со отсуство на опозицијата е важен за демократскиот процес. Мислиме дека местото на членовите на парламентот е во парламентот. Ако се избрани, тие треба да ги прифатат мандатите. Оваа порака исто така ја потенциравме до политичките лидери од опозицијата, особено до господинот Заев и мислам дека ова мислење го дели целата меѓународна заедница. Неодамна комесарот за проширување го кажа истото. Сè додека ситуацијата е таква, работата во парламентот не е нормална и мислиме дека тоа треба да се смени што поскоро“, одговара амбасадорот.

По конфликтот во 2001, вели амбасадорот Брет, нема сериозно насилство и тоа е позитивно.

„Генерално гледаме стабилност во земјава во смисла на тоа дека нема многу конфронтации меѓу групите како во многу други земји. Секако тоа е позитивниот ефект. И секако институциите работат со повеќе рутина и софистицираност во сите области. Мислам дека нови институции беа формирани во текот на годините, омбудсманот одигра важна улога, но има и области во кои не регистриравме позитивен развој. Една е слободата на медиумите, во меѓуетничките односи не би рекол дека имаме назадување, туку стагнација и поголема поделеност и тоа е нешто на што ОБСЕ сака да работи натаму. Значи би рекол дека генерално земјата напредува како млада независна демократија, но исто така постојат и проблеми за кои би сакале да ви помогнеме“, вели во интервјуто амбасадорот Брет.

Би можело да ве интересира

Бостонската полиција уапси 100 студенти на протестите против војната во Газа

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

МОН: Наставата наместо во саботи ќе се надомести во работни денови

МОН не го послуша Советот на Општина Велес: Скрати македонска паралелка во гимназијата

Орце Костов

До крај на година ќе се учи секоја сабота: Неработните денови за учениците преку ноќ станаа работни

Орце Костов

МОН: Не укинуваме паралелка на македонски јазик во велешката гимназија

Орце Костов