ВИДЕО: Пуштена во употреба реконструираната улица “Ѓуро Ѓоновиќ“ во Маџир Маало

Од:

Придружуван од советниците во Советот на општина Центар и жителите на населбата Маџир Маало, градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, ја пушти во употреба потполно реконструираната улица “Ѓуро Ѓоновиќ“, во населбата Маџир Маало.

Улицата се реконструира за прв пат од кога е изградена и зафатот опфаќа поставување на нов слој на асфалт и нов тампонски слој на површина од 2700 м2.

Реконструирани се тротоарите со широчина од 2.5 метри и површина од 1100 метри2; и поставени се нови рабници во должина од 1110 метри. На улицата за прв пат од нејзиното постоење изведена е атмосферска и фекална канализација и постален е фекален колектор во должина од 650 метри.

“Имаше навистина ситуации кои мораше да ги решиме со соседна општина, имаше избори и тоа малку ги пролонгираше работите. Но, мене ме радува позитивниот притисок на граѓаните и жителите, но и поддршката на советниците во општината, кои правеа напори и притискаа оваа улица да биде завршена што е можно побрзо“, им порача на присутните градоначалникот Богдановиќ.

Покрај “Ѓуро Ѓоновиќ“, во Маџир Маало целосно ќе се реконструираат и улиците “Петричка“ и “Велешка“; за кои веќе се изготвени документациите и ќе бидат готови идната година. На настанот, Одборот на традиционални маџирмаалски средби на градоначалникот Богдановиќ и на општината им доделија благодарница за несебична помош и поддршка.

Наредни улици кои ќе бидат готови со реконструкција и пуштени во употреба се улиците “Димитар Пандилов“, “Ганчо Хаџипанзов“ и улицата “Караорман“, а општина Центар идната година ќе ја изведе и новата улица “Новопланирана 1“ во Капиштец, која ќе ги поврзува улиците “Козара“ и “Васил Ѓоргов“.

Би можело да ве интересира

Пијан скопјанец пред сопругата и децата пукал и тешко ранил познаник

Скопјанец пријавил сексуално злоставување на неговата малолетна ќерка

Скопјанец со нож и се заканувал на сопругата

Арсовска: Нашето Скопје треба да се сака со тоа што заедно ќе работиме да имаме поубав град

Скопјанка го нападнала сопругот и свекорот, па искршила дел од покуќнината

СДСМ: Скопје најзагаден град, а власта на ВМРО-ДПМНЕ не презема ништо за загадениот воздух