ВИДЕО: Пукајте бе, пукајте, вие сте наши деца

Од:

Вие сте наши деца, следниот пат ќе не пуштат и ќе ни помогнат. Сега ќе си одиме, во нас има љубов. Вие сте најпрекрасни деца, им зборуваа жените на полицајците кои стоеа пред влезната врата на МРТ.

Тие ги прегрнуваа и им порачуваа-Ве плаќаме да не чувате, а не да бидете против нас, вие сте наши браќа, за народот треба да се борите.

Неколку од жените им порачаа

-Еве пукајте, пукајте, ако ви треба крв, ако ве научиле да пиете крв, не се плашиме веќе од никого.

-Пукајте бе, пукајте, не ви се плашиме.

По обидот да се влезе во МРТ и појавата на силните полициски сили зад стаклата на телевизијата некои од демонстрантките не сакаа да се повлечат пред да влеза внатре и да ги дадат материјалите за емитување.

-Нека ме удат, ако ме удрат, ако нека ме удрат. Од уста дававме да ја градиме ова телевизија, срамота е за владата, порачаа тие и најавија дека следниот пат ќе има многу повеќе.

-Нема да можете да не запрете, ќе се вратиме.

Т.Ц.

Би можело да ве интересира

МТВ: Македонската телевизија ги отфрла информациите од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел

(ВИДЕО) Каевски: Голем скандал, лажните анкети на МТВ се нарачани во штабот на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Стоилковски: Очајни дезинформации својствени за СДС, следат тужби за клевета и за фалсификат

Реакција на МРТ на обвинувањата од СДСМ

Ангелов: „Достоинство“ ќе коалицира со ВМРО – ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Се подготвува нова програма за Собранискиот канал