Судењето за случајот „Пуч“, каде што четврто-обвинет е лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по барање на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева се одложи за втори март.
Јанева образложи дека ги нема разгледано доказите и побара од судот 5 дена, во цело работно време да доаѓаат обвинители од Специјалното јавно обвинителство во судот за да ги разгледуваат доказите.
Заев рече дека 2016-та година е година на слободата и повторно најави дека со новите избори ќе има промена на актуелната власт.
Со Заев во судницата се појавија и прво-обвинетиот Зоран Верушевски кој на 31 декември беше ослободен од страна на СЈО, како и неговата сопруга, Соња Верушевска која е второ-обвинета во случајот „Пуч“.
Александар Тодески