ВИДЕО: Псовки и навреди за Амети во кумановско Черкези

Од:

Револтирани жители со довикување пцовки и навреди попладнево му приредија непријатен пречек на Али Ахмети во кумановската населба Черкези, објави Алсат-М.

Група граѓани се собраа на влезот на кумановското село Черкезе, со намера да го спречат собирот на ДУИ и лидерот на партијата Али Ахмети со партиските активисти од Куманово. Собирот на граѓани против ДУИ е организиран од семејството на Џемаил Реџепи – поранешен командант Шкипоња кој беше убиен минатото лето, по кавгите и пресметките на огранокот на ДУИ во Куманово, јави ТВ 21.

Жителите го блокира патот кон ресторанот каде што требаше да се одржи собирот и средбата на Али Ахмети со активистите на ДУИ. Жителите своето незадоволство го искажаа и со крешење на стаклото на едно од возилата со кои пристигнала делегацијата на ДУИ.

Би можело да ве интересира

Загина 64-годишен возач во близина на Куманово

Пронајдена почината 50 годишна кумановка

А1он

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите