(ВИДЕО) Проверка на личната карта на име Даниела Арсовска во МВР на Бугарија: Валиден документ

Од:

Документот односно личната карта издадена од Бугарија на име Даниела Арсовска, а која ја покажа СДСМ, создаде поделеност во јавноста-дали се работи за фалсификат или не.

Овој документ е лесно проверлив на страницата на Министерството за внатрешни работи на Бугарија, односно во делот на проверка на валидноста на личната карта според впишаниот број и датумот на раѓање. При проверката и внесувањето на податоците на личната карта на име Даниела Арсовска, која ја прикажа СДСМ, на страницата на Министерството за внатрешни работи на Бугарија се покажува дека документот е валиден и постои, односно дека таа лична карта е издадена на лице со тоа име и презиме.

Арсовска денеска повторно ги отфрли тврдењата дека има бугарски пасош но и државјанство, но тоа беше пред да се појават тврдења на СДСМ дека поседува и личната карта на Бугарија. Во неа е впишано името Даниела Арсовска, односно не пише Данела Арсовска. Кандидатката за градоначалник вели дека никогаш не била Даниела, односно секогаш се викала Данела, а за фотографијата од алманахот каде е потпишана како Даниела вика дека и го погрешиле името. Како се нашла нејзината фотографија на документот односно на личната карта издадена во Петрич засега е нејасно и веројатно ќе се утврди по тужбата која ја најави за обвинувањата од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Арсовска во суд раскажа детали за нападот: траеше 40 минути, не извлекуваше интервентна полиција

Обвинетиот за нападот на градоначалничката Арсовска не се чувствува виновен, почна доказната постапка

Почнува судскиот процес за нападот врз скопската градоначалничка Данела Арсовска

Арсовска: Најголемата опасност за јакиве лидери е една жена сама наспроти сите нив

А1он

Поднесено обвинение за мажот кој ја навредуваше, па и се закануваше на Данела Арсовска

Кривичен одлучи: Напаѓачот на Данела Арсовска оди во притвор