ВИДЕО: Протести за Монструм – на тапет ставени Фетаи, Кацарска, Русковска и Јовески

Од:

Со знаме на Република Албанија и со транспарент на кој пишува „УА правда, слобода за невините“, почнаа протестите за случајот Монструм, откако судот во февруари изрече три доживотни казни затвор, две затворски казни од 9 и 15 години и една ослободителна пресуда за случајот со петкратното убиство кај Смилковско Езеро.

„Нема правда, нема мир“ и „УЧК, УЧК“ извикуваат присутните на протестите, кои се организирани од семејствата на правосилно осудените.

Тие носат и транспарент, во кој како корумпирани ги таргетираат обвинителите Фатиме Фетаи, Љубомир Јовески, Вилма Русковска и судијката Добрила Кацарска.

„И ние сме деца под сонцето, и ние сме народ“, извикуваат присутните.

Засега, протестите течат без инциденти. Демонстрантите тргнаа од општината Чаир и се упатија накај Владата, каде што се поставени барикади.

Со првостепената пресуда која Основниот кривичен суд во Скопје ја изрече на 23 февруари, на доживотен затвор за тероризам беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Хаки Азири на 9, а Фејзи Азири на 15 години за помагање. Сами Љута доби ослободителна пресуда откако обвинителството се откажа од негово гонење поради немање докази за вмешаност во петкратното убиство.

Протестите ги најавија роднините на првостепено осудените кои се жалат дека тие се невини и осудени без докази.

Три дена по изрекувањето на пресудата, на 26 февруари се одржаа протести кои завршија со осуммина приведени и седум повредени припадници на полицијата. На протестите се фрлаа камења и други предмети кон полицискиот кордон, којшто го спречи движењето на демонстантите кон Кривичниот суд. Полицијата, пак, возврати со шок-бомби, а нападната беше и новинарска екипа.

Би можело да ве интересира

Атина: Повеќе од 50 лица вооружени со палки упаднаа на еден собир и фрлија молотови коктели

Париз не се откажува од солзавецот и шок-бомбите: Полицијата мора да се брани

(ВИДЕО) Полицијата со палки ги растера демонстрантите во Лисабон, отстранети се десетици шатори

(ВИДЕО) Најмалку 325 лица се уапсени на пропалестински протест во Лондон

Француската левица повикува на нов бран протести: „Министерот не е тој што треба да одлучува“

(ВИДЕО) Протести во Рим: Демонстрантите фрлаа шишиња кон полицијата, таа возврати со водени топови и солзавец