(ВИДЕО) Протест против загадувањето во Скопје, граѓаните побараа оставка од Коце Трајановски

Од:

Стотици граѓани денеска пред бараките на Град Скопје побараа мерки против загадениот воздух, кој според официјални статистики, го има повеќе од 200 дена во годината.

Граѓаните носеа пароли на кои пишуваше „Мислам значи дишам“, „Стоп смог сега“, „Не угушивте бе ало“, „Не се дише“, и извикуваа „Доста беше молк“. Во еден момент, сите демонстранти во еден глас побараа оставка од градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

Според нив, владата точно знае кои мерки треба да се преземат, но за нив побитна е економијата од екологијата. Граѓаните најавија дека не застануваат тука и дека доколку надлежните продолжат да ги игнорираат и не преземат ништо, протестите ќе продолжат.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

ИКС: Да зборуваме повеќе за животната средина во време на растечка еколошка криза

Стојковски: Несовесни граѓани во моментот се главните причинители за загадување на воздухот

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

Орце Костов

СДСМ: Градоначалниците на ДПМНЕ не преземаат ништо против загадениот воздух во Скопје,

Катерина Ѓуровски

Шукова: Граѓаните да користат суво дрво, 45 отсто од загадувањето доаѓа од домаќинствата

Орце Костов

Воздухот енормно загаден, а пратениците одбиваат амандмани за Буџетот со кои ќе се намали аерозагадувањето

Орце Костов