ВИДЕО: Протест на оштетените од Еуростандард: Вратете ни ги парите и расветлете го криминалот во банката

Од:

„Вратете ги парите“, Лопови, лопови“, „Која е следна банка“, „Даваме кредити без покритие“ – ова беа само дел од паролите кои ги извикуваа револтираните оштетени штедачи од Еуростандард банка кои попладнево излегоа на протест пред Собранието.

Тие бараат државата по брза постапка да донесе закон со кој целосно ќе бидат обештетени и клиентите кои имале над 30 илјади евра во депозити и порачуваат државата преку институциите на системот да го расветли криминалот кој според нив со години се случувал во банката.

„Ние сме жртви на една манипулација на долги години незаконско работење на банката, но и на поединци и институции, а меѓу нив главаната која треба да го контролира банкарскиот систем во овој случај потфрли. Штедачите се оштетени за повеќе од 50 милиони евра кои се давани како кредити без покритие, односно кои не можат да се наплатат и сето тоа поминало под капата на Народната банка. Затоа ние сметаме дека државата има механизми тоа да го направи брзо да изнајде решение и да ги обештети сите граѓани. Исто така, бараме криминалот да не остане неказнет затоа што ќе биде пример како другите банки да донесат некои други штедачи во ваква ситуација“ порача Иван Брзовски од Здружението на оштетени штедачи од Еуростандард банка.

Според Здружението, од банката се оштетeни 780 физички лица кои имале депозити над 30 илјади евра и над 2000 приватни фирми кои своите трансакции кои вршеле преку Еуростандард.

Претставници на штедачите ќе остварат средба со парламентарните парии од кои ќе баарат да се донесе законот што им го ветиле и најавија дека нема да се тргнат од пред Собранието, односно дека ќе протестираат се додека не си ги вратат парите.

Би можело да ве интересира

Десетици илјади луѓе се собраа во Тел Авив барајќи крај на војната во Газа

Вучиќ: Вечерва очекуваме обид за насилство, но државата е подготвена

Денеска во Белград протест на студенти кои блокираат, властите апелираат за мир

Горан Наумовски

Полицијата во Лас Вегас го прогласи протестот за нелегален и им нареди на граѓаните да се разотидат

Седми „Марш за ангелите“ во Кочани: Нашиот молк зборува повеќе од илјада зборови, но нема да трае вечно како вашето судење

„Марш за ангелите“ во Кочани: „Системот убива – институциите молчат“

Предраг Петровиќ