ВИДЕО: Протест на 660 полицајци пред МВР, бараат итно вработување

Од:

По три месечно чекање, 660 невработени полицајци кои успешно ја завршиле едногодишната обука, излегоа на симболичен строј пред Министерството за внатрешни работи од каде јавно побараа од надлежните органи да бидат конечно вработени.

– По доставеното барање до Министерството за внатрешни работи и други надлежни органи, јавно излеговме да побараме до истите органи да имаат предвид дека и по успешно завршената едногодишна обука во Центарот за обука при МВР во Идризово и неколку месеци поминати дома во чекање, нашето прашање за вработување се уште не е решено, рече Ѓоргија Коларовски.

Тие бараат согласно законотот, подзаконските акти и правнилниците, во најкус можен рок да им биде даден конкретен датум за започнување на работниот однос во МВР.

– Не сакаме да бидеме жртви на ниту еден политички систем и исклучуваме било каква поврзаност со политички партии, ние само сакаме да им помогнеме на нашите колеги кои секојдневно се соочуваат со дефицит на работен кадар и се растргнати на сите страни, велат курсистите.

Невработените полицајци добија поддршка од Независниот синдикат на полицајци. Претседателот на синдикатот, Гоце Делчев Тодев, изјави дека тој лично и синдикатот им даваат целосна поддршка на несудените колеги.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Грчките земјоделци стартуваа 48-часовна блокада, граничните премини „Евзони“ и „Ники“ се затворени

Седум полицајци повредени во антитерористичка операција во Турција

Протест во Куманово: Работници од Ирак и Авганистан незадоволни од известувањата на УЈП

Горан Наумовски

Протест „Стоп за УСЈЕ“, се бара дислокација на цементарата

(ВИДЕО) Трагедија во Русија: Маж активираше експлозив кога му се приближија полицајци, сите се мртви

Горан Наумовски

(ВИДЕО) МВР со засилени мерки против употребата на пиротехнички средства

А1он