ВИДЕО: Адвокатите на Груевски го бараат записникот на СЈО за предавање на бомбите од СДСМ

Од:

По завршокот на судската ферија, Никола Груевски, Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески, Мартин Протоѓер и останатите обвинети во случајот „Титаник“, се вратија на обвинителните клупи во кривичниот суд.

На денешното рочиште, 21 обвинет треба во судницата да слушаат над 1000 бомби од специјалното јавно обвинителство, како дел од доказната постапка.

На почетокот на главната расправа, еден од шесте адвокати на Груевски, Еленко Миланов, рече дека бомбите не се доказ кој е предаден до судот во оригинал, туку биле преснимувани. Тој го побара и записникот за предавање на бомбите од СДСМ на СЈО за периодот од 2008 до 2015 година.

Адвокатката на Груевски, Сања Алексиќ, го побара и документот со кој СЈО ги побарало бомбите од СДСМ. Таа рече дека имало во јавноста различни изјави за постоење на записник за примопредавање на бомбите. Алексиќ рече и дека дел од бомбите биле објавени пред да бидат изведени како доказ во судот.

Боро Тасевски, адвокатот на Груевски, рече дека правото на адвокатите, да формираат ефективна одбрана не може целосно да го искористат без да им бидат достапни сите посочени докази.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Бубевски вели дека Кадриу кажува измислици и клевети, бара извинување или ќе тужи

Кејт Винслет за темната страна на славата по успехот на „Титаник“: Се плашев да заспијам!

А1он

Врховен ги одби како неосновани барањата за преиспитување на пресудата за „Титаник“

Рочиштата на Титаник, Ласкарци и Жан Митрев одложени поради самиотот на ОБСЕ

Изборот на нови судии во Апелација, може да ги врати „Ласкарци“, „Титаник“ и „Талир“ од почеток