ВИДЕО: Пријателот на Мијалков сведочеше како се купувале плацовите и становите на Груевски преку секретарка и специјално отворени фирми

Од:

Александар Ивановски-Теранова во својство на сведок во случајот “Плацови на Водно”, посочуваше како плацевите биле купувани, но и становите на Бихачка каде порано живееше Никола Груевски. Тој објасни како била основана и фирмата “Сирах инженеринг” во Македонија, поврзана со офшор компанијата “Сирах” од Белизе. Тој кажа дека контактирал и со Никола Груевски, откако избега во Унгарија. Според сведочењето на Ивановски-Теранова, Груевски барал станови за сопругата и децата.

“И да не ми е позната, сега ми е позната. По игра на случајност имам преземено активности по замолница на мојот добар пријател Сашо Мијалков, кој ме замоли за еден пријател да потпишам полномошно за таа иста фирма во Македонија. Тоа е единствен мој личен контакт со таа фирма. Како секој добар пријател нормално прифатив да го потпишам тој документ во адвокатската канцеларија ‘Марков Чукиќ’. Не можам да се сетам која фирма се основаше, бидејќи вршев услуга за пријател на мојот пријател. Во документот не пишуваше кој ќе биде управител, тоа е само оф-шор компанија која дава овластување на правник да ја регистрира фирмата во Македонија. Не знаев како е називот на новата фирма, по извесен период дознав дека ‘Сирах’ од Кипар основала компанија ‘Сирах инжинеринг’ во Македонија, а потоа дознав дека управител е Ристо (Новачевски), за тоа ме извести Мијалков, со што ми посочи дека ќе ме контактира”, кажа тој.

“Со Лазар Бошњаковски ме повика на телефон да се видиме. Седнавме на кафе во ‘Корзо’ кај што од негова страна ми беше понуден плац на Водно, 10-11 илјади квадрати по цена од милион ипол евра. Ми покажа дел од скиците и имотниот лист, сопственици беа лица од Црна Гора кои го добиле преку процес на денационализација. Со оглед на бизнисот кој го работам, нормално дека со секој атративен плац бев заинтересиран со понудата. Меѓутоа зс да човек да одлучи дали да го купи, инвенстира или не, треба да се види дали има ДУП, а бидејчи Лазе не ги знаеше тие работи, отидов во Општина Центар, надлежен за тој реон. Таму се утврди дека тие плацеви се надвор од градежен реон. Со тоа истите станаа непредметни бидејќи на таков плац, можете да ставите само сандаци за пчели за мед, бидејќи се надвор од градежна зона”, кажа сведокот.

За одлуката го известил адвокатот кој му ги понудил плацевите, но и како што кажа, Сашо Мијалков и други луѓе.

“За таа квадратура, тоа е доста евтино. Муабетот заврши на тоа, во тој момент. По едно месец и половина, Сашо ме повика и ме праша дали ток плац е продаден или уште се продава. Одговорив дека треба да се провери дали плацот се продава и на моето прашање зошто, кажа дека има пријател кој сака да го купи. Па рече да се стапи во контакт со луѓето кои го продаваат, ако не е продаден. Се видовме со Лазе адвокатот, му кажав, дека ако не е продаден има луѓе кои се заинтересирани да го купат. Лазе како посредник очекуваше од една таква зделка ќе земе провизија. Меѓутоа проценив дека во таа ситуација не треба ниту јас, ниту Лазе да земаме провизија бидејќи станува збор за моќни луѓе кои пројавиле интерес. Од лично искуство знам дека во такви посреднички улоги, треба да се тргне. На Лазе не му беше кејф да го чуе тоа, но ме послуша. Се јави на својот пријател кој контактира со сопствениците во Црна Гора и така стапивме во контакт со вистинските сопственици на тој плац. Горан од Будвс ги застапуваше сите сопственици, се имам сретнато по пројавениот интерес кој дојде во Скопје. Разговаравме за плацот и инсистирав да ги погледнам сите документи во врска со плацот кој го продаваат. Ме интересираше ксде се наоѓа. Ме однеде. Тој плац е на Водно кога се иде кон шеста управа. Како го поминуваш сртчето преку мостчето. Плацот е надоле. Ако мене ме прашате тој плац е толку стрмен, не е нешто поволен за градба. Ако ме прашате мене. По тој состанок јас отидов кај Мијалков, кажав дека се видов со еден од сопствениците, дека го видов и плацот, му кажав мое мислење. Он кажа ќе пренесе на пријателот а ако е заинтересиран да го купи, ќе каже”, рече Александар Ивановски-Теранова.

По неколку дена, според Александар Ивановски-Теранова, добил повик од Мијалков кој му кажал дека ќе се купи плацот. Мијалков најавил дека сведокот треба да го исконтактира Ристо Новачевски.

“Го контактирав, кажав од кого сум добил број, дека треба да се видиме додека е лицето од Црна гора тука за да се заврши купопродажниот договор за плацот. Тогаш Сашо ми кажа дека Ристо е сопственик на ‘Сирах инженеринг’, која е сопственик на ‘Сирах’ од Кипар. По тој мој првичен повик на Ристо, се сретнавме, го запознав со Горан од Црна Гора. Ристе се виде дека нема искуство во овие работи, беше исплашен. Бев замолен да ја завршам оваа работа, да му помогнам да ги заврши овие работи. Бев присутен во нотарската канцеларија кога се потпишуваше купопродажниот договор. Се виде дека Ристо нема искуство во овие работи, а јас како долгогодишен бизнисмен кој се бави со купопродажба на недвижности помогнав за да не биде изигран. Чекавме два дена да легнат финансиски средства на фирмата за да бидат исплатени на продавачите. Бидејќи беа повеќе лица кои продаваа, требаше тие пари на неколку сметки да бидат исплатени. Не ме фаќајте за збор, не сум сто отсто сигурен”, кажа Александар Ивановски-Теранова.

Тој пред судот кажа дека немал лични интереси да проверува дали тоа земјиште е влезен во ДУП или ГУП, но по долго време од купувањето, по замолница од Мијалков, проверил во Општина Центар.

“На барање на Сашо. Ми кажаа дека е дозволена градба на неколку индивидуални куќи. Во 2015 година кога излегос бомбите тие плацеви се споменуваа во неколку наврати. Во тој момент разговав со Сашо. Му викам јас мислев плацевите се за тебе, а стварно не биле за тебе. Се споменуваше името на Никола Груевски. Тој кажа, да, гледаш дека не сум те лажел, стварно не се за мене. Не сум разговарал за плацевите со друго лице. Во 2015 година овие плацеви, од медиумите дознав дека ги купил господинот Камчев, односно фирмите ‘Кара’ или која беше. Во една прилика го прашав Камчев што ти требаше тој плац да го купиш кога да кажам жаргонски е озрачен, а тој одговори: ‘Морав, зашто да не’ во тој контекст”, кажа сведокот.

“ИТК инженеринг” му е уште една фирма за која сведокот Александар Ивановски-Теранова кажа дека ја познава: “Основана е за да се јави на јавно наддвање за исто таков плац на Водно. Основач и управител е мојата секретарка, со капитал од 5.000 евра. Исто така во разговор со Мијалков ми беше посочено дека ќе има продажба на државни плацеви на Водно и дека не е лошо да се формира нова фирма, иако кас бев сопственк на две фирми, за да се учествува на јавниот тендер кој беше објавен во јавно гласило. И дека, не е лошо тој плац да се купи. Тој плац требаше да се купи исто така за негов пријател. Целата поента на тоа е јас да се јавам како купувач на плацот, да инвестирам сопствени средства, фирмата да се продаде и така да си го вратам вложеното. Во тој момент не се кажа името на пријателот, а јас не инсистирав не препрашував, вршев услуга. Тоа во градежништвото се вика “купуваш нешто за познат купец”. На тој плац имаше маркица за куќа. Претпостсвував дека чим ќе го купам плацот во иднина ќе ја градам таа куќа, што е бенефит за мојата фирма. Откако беше завршено јавното наддавање, ‘ИТК инженеринг’ го зема плацот, па по извесен период бев замолен од Сашо да се купи преку таа фирма стан кој граничи со становите каде живее Никола Груевски, за да не може друг да го купи. По тоа логички дека истата фирма купува стан кој се граничи со тогашниот стан на Груевски, дефакто и овој плац би требало да биде наменет за него”, кажа Александар Ивановски-Теранова.

Тој посочи и дека фирмата го купила станот иако никој не преговарал со продавачот на станот, а средствата за купување на станот биле негови, лични, како и за купувањето на плацот.

“Тања како управител отиде на нотср го потпиша. Парите беа уфрлени како позајмица, дел од лични средства, дел од мои вработеми кои подигнаа кредит. Го немам видено станот кој ‘ИТК инженеринг’ го купи. Мислам дека во 2008 година, Татјана Стојановска од мене беше замолена да купи уште еден стан, по замолница од Сашо да најдам лице кое е доверливо, да купи стан за Груевски, а да не биде на негово име. Парите веројатно беа дадени од Груевски за тој стан, сума од 40.000 евра. И кажав на Тања купи го станот на твое име, тој стан ќе е на Груевски, не сака да биде на негово име, а отпосле ќе го префрли”, кажа сведокот.

Во 2018 година, Александар Ивановски-Теранова бил повикан во “Мериот” од лице кое било возач на Груевски, како што кажа, да му даде договори за закуп, за да се потпишат од сопственичката на еден од становите, Татјана.

“Лични средби со Груевски не сме имале за оваа тема. Во 2018 година по неговото бегство во Унгарија добив порака од телефонски број, претпоставувам унгарски, кај што ме повика за да ме праша дали имам станови во Центар, во Скопје, беше заинтересиран да земе за да се пресели сопругата и децата. Кажав дека имам зграда во Аеродром која ќе биде готова кон крајот на 2020 година. Прекина врската. Ме побара октомври-ноември 2020 година, не сум го слушнал телефонот, не разговаравме. Мислам дека повикот беше по давањето на исказот во Обвинителствого, посочи тој.

Би можело да ве интересира

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Врховен суд го прифати барањето на Груевски за преиспитување на пресудата за „Плацеви на Водно“

Горан Наумовски

(ВИДЕО)„Плацови на Водно“: Се конфискува имот вреден три милиони евра, Стефанова незадоволна од казните за Груевски и Мијалков

Кристијан Ландов

Шанса за Центар: Да запре сечата на Водно додека не заврши судскиот спор „Плацови на Водно“

Маја Илиевска-Пачемска

Продолжи судењето за „Плацови на Водно“

А1он

Се бара Мијалков да оди во притвор за „Плацеви на Водно“ откако беше ослободен со гаранција од 11 милиони евра

А1он