ВИДЕО: Претреси во Скопје, пронајдени фалсификувани долари, експлозив и дрога

Од:

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по претходно обезбедена наредба од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, извршиле претрес во стан во скопската општина Аеродром.

„На 10.11.2021 во координирана полициска акција на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога,оружје и опасни материи и СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога и оружје и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, по претходно обезбедена наредба од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, извршија претрес во стан на ул. „Венјамин Манчуковски“ во скопската општина Аеродром, во кој биле затекнати М.М. (20) и 16 годишен малолетник од с. Зелениково. При претресот во станот е пронајденa таблетa екстази и вага со остатоци од кокаин, а во подрумските простории е пронајдено едно пакување експлозив – тротил со жици електрични запалки – детонатори М5 за експлозив, кои од страна на Секторот за антитероризам при Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал се подигнати со цел понатамошно вештачење“, велат од МВР.

„При претрес на гаража на ул. „Бојмија” во хартиена кеса е пронајдена поголема количина парични средства во апоени од 100 долари, или вкупно 396.200 долари, за кои од првичниот увид може да се утврди дека се работи за фалсификувани банкноти и едно полиетеленско пакување во кое има 149 екстази. Лицата се лишени од слобода и против нив СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава по чл. 396, чл.215 и чл. 268. Исто така, при преземањето на координираните мерки и активности биле лишени од слобода и Н.Т. (20), кај кој при личен преглед се пронајдени марихуана, синтетичка дрога амфетамин и трипови, и М.Г.(21), кај кого е пронајдена марихуана. МВР продолжува со вршење на проверки со цел идентификување и на други инволвирани лица“, информираат од МВР.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) 12 граѓани ги фотографирале гласачките ливчиња, шест пријави за нудење на поткуп – Министерот Тошковски за изборниот ден

Анита Петровска Рајковиќ

МВР: Нови случаи на фотографирање и кинење на гласачко ливче

Горан Наумовски

МВР: Петмина гласачи си ги фотографирале гласачките ливчиња

Горан Наумовски

Приведен охриѓанец, го фотографирал гласачкото ливче

Катерина Ѓуровски

Лични документи можат да се подигнат и в среда на денот на изборите

Анита Петровска Рајковиќ

Бојмацалиев: Одделенијата за внатрешни работи во Кочани и Берово подготвени за претстојниот Изборен процес