(ВИДЕО) Прентовиќ: Зголемена е вредноста на клучните извозно ориентирани земјоделски производи

Од:

„После 11 години потценување на земјоделците, развојните и одржливи аграрни политики на Владата предводена од СДСМ даваат позитивни резултати.

Се вреднува и се цени трудот на земјоделците. Тоа го потврдуваат и официјалните податоци.“ рече Татјана Прентовиќ, пратеничка на СДСМ, на денешната прес-конференција.

„Зголемена е вредноста на клучните извозно ориентирани земјоделски производи. Истовремено расте и побарувачката за македонските земјоделски производи, дома и но и на странскиот пазар.

Оваа година, откупната цена на краставицата во јули е зголемена за 145,8 проценти. Ако се спореди со јуни 2013, кога ВМРО-ДПМНЕ го водеше земјоделскиот сектор, цената на краставицата е зголемена за 240 проценти.

Кај доматите, откупната цена од минатата година е зголемена за 85,5 отсто. Во споредба со јули, 2015 година, цената на доматите е зголемена за 143 отсто.

Кај лубениците е забележан пораст на откупата цена за 115%, споредбено со јули 2015 година.

Оваа година, откупната цена на белото грозје е зголемена на 50 денари, а во 2016 година била 30 денари за килограм. Тоа е зголемување од 67 отсто.

Откупната цена на сливите, во јули оваа година е зголемена за 18,8 отсто споредбено со минатата година.

За 31 отсто зголемена е откупната цена на пиперката.

Овие податоци се особено важни за овој период кога тече откупот на сезонското овошје и зеленчук.

Правилните политики во земјоделството и напредокот на земјава на евро-интегративниот пат ја зголеми побарувачката на нашите производи на странските пазари.

Извозот на конзервиран зеленчук во 2018 година е зголемен за 6% и изнесува 42.4 милиони евра.

За 19% е зголемена вредноста на извезената краставица и тоа најмногу на пазарите на ЕУ.

Пораст на извозот од 16 отсто има и кај праските.

Повисоки откупни цени значат повеќе пари за земјоделците и повеќе средства во економијата.

Владата предводена од СДСМ и надлежното Министерствот за земјоделство остануваат посветени на понатамошен развој на земјоделството во интерес на земјоделците. “, наведе Прентовиќ.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он