ВИДЕО: Премиерот Заев се сретна со Неговата Светост Папата Франциск

Од:

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и Неговата Светост Папата Франциск остварија одделна заедничка средба во рамките на програмата на апостолската посета на Неговата Светост и прв свештеник на Католичката Црква.

На средбата, уште еднаш беше потврдена вековната духовна врска меѓу папската држава и нашата земја воспоставена со мисијата на сесловенските просветители, Светите браќа Кирил и Методиј, и со чествувањето на нивното дело што секоја година заеднички се прославува во Рим и Ватикан.

Премиерот Заев на средбата порача дека оваа Апостолска посета е инспирација за народот на Северна Македонија и го замоли Папата Франциск да се помоли за доброто на граѓаните и на земјата.

На средбата меѓу премиерот Заев и Папата Франциск беше истакната заложбата Република Северна Македонија да ја продолжи својата афирмација како земја на заедништво и толеранција следејќи го примерот на делото на Светите Кирил и Методиј, кои во 1980 година Ватикан ги прогласи за покровители на Европа.

Папата Франциск го поздрави и семејството на премиерот Заев, кога во завршницата на средбата им се придружија сопругата на премиерот Заев, Зорица, заедно со ќерката Александра.

Би можело да ве интересира

Како што потврди дека Заев гради 42-катница, сега Филипче да одговори како ја стекнал златната виза и на кое име му е станот во Дубаи?

Предраг Петровиќ

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

(ВИДЕО) Aндоновска: Заев, Филипче и Николовски, дозволиле 2.000 тони пченица и јачмен од државните резерви да заврши на црниот пазар

Горан Наумовски

Папата Лав XIII ги зајакнува односите со Православната црква и го поддржува Либан

Папата прогласи седум нови светци, меѓу нив е и поранешен сатанист