(ВИДЕО) Пред собирот во четврток: Скандалозно е маж да станува жена и само со изјава да менува пол, со закон насилно ни го менуваат општеството

Од:

Инаетливото туркање на Законите за родова еднаквост и за матична евиденција по секоја цена од страна на владата, навистина не загрижува и не тера да се запрашаме кој навистина стои зад овие закони. Ова пред протестот во четврток организиран од МПЦ го изјави Викарниот епископ Стобиски г.Јаков, според кој „носењето на овие закони ќе доведе до потполн хаос, дикататура, тиранија, како што има во најтоталитаристички општества во светот“.

-Очигледно никој не сака да го слушне народот, и немаме друг начин да се спротивстваиме. Затоа апелираме за да ја сочуваме својата традиција, мислење, слобода на говор, нема друг начин освен да се собереме и да кажеме едно големо не за овие несреќни и погубни закони за нашето општество. Еден од законите за измени на матична евиденција веќе е во собраниска постапка, тој е спорен без никаква измена, и по целукупните реакции на јавноста, ниту еден интерпункциски знак не се измени, а камо ли спорните моменти како што е правното признавање на родот. Законот овозможува да измените ознака за пол во матичните книги само врз основа на изјава дека се чувствувате спротивно на вашиот биолошки пол. Тоа е скандалозно. Што се однесува до законот за родова еднаквост многу искусни луѓе кои работеле во законодавството го нарекоа закон во обид. Тоа е франкештајнски склопен закон што не само се заканува да го измени насилно начинот на кој постоиме и живееме туку да спроведе идеолошка диктатура, нешто што е реалност во многу општества кои се соочуваат со последици кои може да се видат на хорор филм, вели за А1он, викарниот епископ Стобиски г.Јаков.

Според него, со овие закони се отвора можност секој од општеството да биде препознаен како маж или жена само врз основа на своите индивидуални чувства.

-Оној што се идентификува како жена, биолошки маж, да се изедначи со жените. Со овој закон секој може да биде се. Институциите се однесуваат крајно игнорантски со омаловажување на граѓаните, дека не се важни мислењата на граѓаните, едноставно да се истурка нешто на сила по секоја цена. Иако јавноста сосема аргументирано објаснуваше зошто да не се носи таков закон. Во предлог законот за родова еднаквост имаме такво моќно тело, држава во држава , Секретаријат за родова еднаквост со кој ќе управува вицепремиер, со такви ингеренции, со таква власт, буквално да го дефинира и да го санкционира и јавниот и приватниот живот на поединицот. Алармирам да се разбудиме што ни се заканува. Црквата никогаш не го повикала народот да се буни за нешто, па можете да ја замислите сериозноста, од ова нема враќање назад, а таргет не се само семејните вредности, туку иднината на светот, на општеството, а тоа се децата, нив им се спрема индоктринација, вели тој.

Според црквата, овие закони се комбинација на притисок од надвор и од внатре.

-Тоа се невладините организации кои туркаат агенди и трендови на живот кои не се прифатливи за 99 проценти од граѓаните во Македонија , без разлика дали се работи за правословни, муслимани, протестанти, Срби, Албанци, Власи..Се подготвува дехуманизација, ова е заеднички непријател кој треба сите да не обедини, смета епископот Јоков.

Синодот на МПЦ минатата недела одлучи да го повика народот на мирен протест против донесување на Законот за родова еднаквост и измените во Законот за матична евиденција, со кои се планира да се легализираат безброј родови т.е. пола, што според цркавата е спротивно на научните факти и спротивно на која било вероисповед.

Протестот кој ќе се одржи четврток, во 18 часот пред Соборниот Храм Св Климент Охридски во Скопје, доби поддршка и од Коалицијата за заштита на децата, од каде ги повикаа сите свои партнери, сите родители и граѓани, без разлика на верската, етничката и партиската определеност, да излезат и да се приклучат на мирниот протест, за да го кажат своето „не“ за менување на како што велат, објективната реалност.

Би можело да ве интересира

Владиката Тимотеј за рускиот свештеник: Ние немаме информации дека бил шпион

Орце Костов

„Работи во Софија, а патува до Скопје за да внесе раскол во МПЦ“: Кој е рускиот свештеник Змеев кој доби забрана за влез во Македонија

Орце Костов

Расчинет свештеник крстел и венчавал со „благослов“ од г.г. Стефан: Венчаните се невенчани, крстените некрстени

Орце Костов

(ВИДЕО) Академик Ќулавкова: Се загрозуваат правата на жената

Горан Наумовски

Г.г Стефан: Собрани сме да им кажеме ДА на животот и на светоста на семејството оформено од еден маж и една жена

(ВИДЕО) Поглаварот Стефан: Жената ја изедначуваат со мажи кои никогаш нема да бидат жени

Горан Наумовски