ВИДЕО: Правните лица нема да можат да си дозволат да одгледуваат канабис, ДОМ поднесува амандмани

Од:

Самите законски регулативи го отежнуваат начинот на добивање на дозвола од технички и кадров аспект на правните лица кои би се занимавале со одгледување и производство на канабис, вели за А1он, портпаролката на ДОМ, Маја Морачанин.

– Овој дел треба да се поедноставни за да биде по исплатливо за правните лица од економски аспект затоа што вака многу малку правни лица би можеле да се нафатат да произведуваат канабис и тоа секако ќе влијае и на крајната цена на лекот а всушност тоа е и основната идеја на законот, да се легализира канабисот и да биде економски достапен до оние пациенти кои имаат најмногу потреба, вели Морачанин.

Според ДОМ маслото од канабис ќе може да го препишуваат само докторите кои работат во јавните здравствени установи. Тие сметаат дека ова е дискриминирачки во однос на колегите кои работат во приватните установи.

– Добивме многу реакции од колегите од приватните установи во однос на ова решение така да мислиме дека ова треба да се смени да на сите доктори им биде подеднакво без дискриминација овозможено да го препишуваат лекот согласно прописите за лекови кои важат, вели Морачанин.

Новите измени во законот предвидуваат огромни казни доколку вработено лице од правниот субјект кој одгледува го злоупотреби канабисот за лични цели. Портпаролката на ДОМ објаснува дека доколку едно лице го прекрши законот му следува казна затвор од 1 до 5 години, а доколку има здружување казната може да достигне и до 10 години.

Демократската обнова за Македонија поддржува одгледување на канабис за домашна употреба на оние на кој им е потребно, а не можат финансиски да си го дозволат лекот. Тие ова го немаат опфатено во амандманите бидејќи сметаат дека за тоа е потребна по широка јавна дебата.

Доколку овие 8 амандмани не бидат прифатени од страна на собранието ДОМ нема да го гласаат Законот за контрола на дроги и психотропни супстанции.

– Сметаме дека овие амандмани треба да бидат прифатени се со цел да се постигне практично целта на законот, легализација на употребата на канабис за медицински цели за лица кои навистина имаат потреба, рече Морачанин.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Петмина под истрага за разбојништво во фабрика за канабис во Чегране

ВИДЕО: Запленети 1053 стебла канабис, фирма од Гостивар садела без дозвола

Катерина Ѓуровски

Овци во Грција бараа свежа трева по поплавите и изедоа 100 килограми канабис

ДОМ поддржува влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, за продолжување на евроинтеграциските процеси

ДОМ со условена поддршка за Владата

Катерина Ѓуровски