(ВИДЕО) Пратеничката Моника Зајкова ги повика колегите да помогнат во превенцијата од пожарите

Од:

Ги повикувам сите пратеници во Собранието да потпишеме Апел до граѓаните за зголемено внимание и претпазливост при движење на отворен простор, планински и шумски места како и истиот да биде јавно објавен на сите социјални мрежи со цел да ја зголемиме свеста на граѓаните за овој реален, се присутен проблем и да дадеме свој придонес во борбата за негово сузбивање, порачува пратеничката од ЛДП, Моника Зајкова.

– Сметам дека ова е едно од многуте клучни прашања кое што треба да наиде на поддршка и од сите политички партии, особено земајќи ја во предвид неговата економска димензија и висината на средствата кои што се трошат од државната каса, но најмногу заради уништените шуми и национално богатство, за кое што и те како е редовно време е да научиме да си го сакаме и чуваме како што му доликува. Ајде сите да работиме за доброто на граѓаните и државата, да покажеме обединетост, иницијативност и проактивност за прашања што не засегаат не само нас, туку и нашите деца, внуци… Сите ние треба да се запрашаме и да размислиме што сакаме да им оставиме во наследство на идните генерации, вели таа.

Би можело да ве интересира

Осум пожари се активни во земјава, 13 се изгаснати

(ВИДЕО) Ангелов: Да се исчистат од вегетација напуштените објекти, превенцијата од пожари помага многу

Пожарите во Европа ќе се зголемат за 39% дури и во најдоброто климатско сценарио

До 18 часот осум активни пожари

(ВИДЕО) Ангелов: Сѐ уште e активен пожарот кај прилепското село Чаниште

ЦУК: Четири активни пожари се на отворен простор, два се под контрола